На плоштадот Вевчани со концерт на Маја Стејнберг композитор и пејач од Уругвај започна Вевчанско Лето 2024. И оваа година Вевчани и туристите кои доаѓаат во Вевчани во овој период од годината, ќе имаат можност да уживаат во различни програмски содржини за сите генерации.

Од 25 Јуни до 31 Август Вевчани ќе живее во пулсот на културата, спортот, уметноста.