ОПШТИНА ВЕВЧАНИ
Одделение за урбанизам, комунални работи, заштита на животната средина и ЛЕР

Врз основа на член 46 од Законот за урбанистичко планирање („Сл. весник на РСМ“ бр. 32/20) за формирање на Партиципативно тело за подрачјето на Општина Вевчани, Градоначалникот на општината на ден 06.08. 2024 година, објавува:

Ј А В Е Н   О Г Л А С
ЗА ФОРМИРАЊЕ НА ПАРТИЦИПАТИВНО ТЕЛО КОЕ ЌЕ УЧЕСТВУВА ВО ПРОЦЕСОТ НА УРБАНИСТИЧКО ПЛАНИРАЊЕ НА ПОДРАЧЈЕТО НА ОПШТИНА ВЕВЧАНИ

 

1. Предмет на овој јавен оглас е: Формирање на Партиципативно тело за обезбедување на инклузивност, партиципативност и јавност во процесот на урбанистичко планирање за подрачјето на Општина Вевчани.Партиципативното тело ги претставува сите различни интереси и интересни групи во локалната заедница и ги пренесува ставовите, мислењата и потребите на граѓаните и правните лица, ги следи состојбите во планирањето преку давање иницијативи, насоки и сугестии за изготвување на плански решенија и во постапката за изработување и донесување на плановите ги разгледува планските програми и планските решенија на урбанистичките планови во нивната работна верзија.

2. Услови за учество: Пријава по овој јавен оглас можат да поднесат сите заинтересирани лица кои се жители на Вевчани, претставници на невладините организации од различните сегменти на урбаниот живот, здруженија на граѓани и граѓански активисти од подрачјето на општината што ги претставуваат различните групи на граѓани, како и граѓани што се стручни лица од областа на урбанистичкото планирање и другите стручни области суштествени за планирањето и одржливиот развој на градот.

3. Обврски на партиципативното тело: Партиципативното тело заседава најмалку еднаш на два месеци и има консултативна улога во постапката за изработување и донесување на урбанистички планови, особено ја разгледува планската програма во фаза пред таа да му биде предложена на градоначалникот за одобрување, како и урбанистичкиот план во фаза на урбанистичко планско решение пред да биде дадено на стручна ревизија. Работата на партиципативното тело е јавна.

4. Начин на работа: Начинот на работа и бројот на членови на Партиципативното тело се уредуваат со Деловник на Партиципативното тело што ќе биде донесен од страна на Советот на Општина Вевчани и објавен во Службен гласник на Општина Вевчани, при што бројот на граѓански членови на Партиципативното тело што се пријавиле на доброволна основа не е ограничен.

5. Документи кои се поднесуваат:
– Пријава за член на Партиципативното тело за подрачје на општина Вевчани (образецот е во прилог на огласот или може да се подигне во општината)
– Кратка биографија
– Изјава за давање согласност за заштита на лични податоци (образецот е во прилог на огласот или може да се подигне во општината)
– Изјава за прифаќање на условите по овој повик (образецот е во прилог на огласот или може да се подигне во општината)

6. Рок и место на поднесување на пријавите: Пријавите по јавниот оглас може да се поднесат преку пошта на адреса на Општина Вевчани или преку архивата на општината во рок од 30 дена од денот на објавување на овој јавен оглас.

Учеството на членовите во Партиципативното тело што не се вработени во Општина Вевчани е на доброволна основа, и на истите согласно Законот за урбанистичко планирање („Сл.весник на РСМ“ бр. 32/20) не им следи надомест за вршење на работата.

 

 

ОПШТИНА ВЕВЧАНИ
Градоначалник
Спасе Кочовски

Јавен оглас 

Образец за пријавување