Вицепремиерката Мила Царовска во работна посета на општина Вевчани

Градоначалникот на општина Вевчани Сашо Јанкоски заедно со Мила Царовска – Заменичка на Претседателот на Владата задолжена за економски прашања, Кирил Колемишевски – Заменик министер за економија, Дејан Павлески – Заменик министер за локална самоуправа беа на увид на мултифункционалниот туристички објект “Туристички центар Вевчани”

Потпроектот „Туристички центар Вевчани – Еден центар еден туристички производ“ е финансиран од Европската унија и Владата на Република Северна Македонија. Овој проект е имплементиран од Кабинетот на Заменик Претседателот на Владата задолжен за економски прашања, а администриран од Светска банка преку единицата за спроведување на Проектот за Локална и Регионална Конкурентност.

Вкупната корисна површина на овој модерен мултифункционален центар е 1400м2, во кој се вклучени конгресна сала, сала за семинари, галерии, музејска поставка, фитнес и бодибилдинг сала и др. Во овој проект се финансирани 985.000 евра.

Проектот започнат пред повеќе од една деценија конечно ќе го види светлото на денот, сонот на вевчанци ќе биде конечно остварен. Во моментов објектот е во фаза на внатрешно опремување и за кратко време истиот ќе биде ставен во функција. Исто така паралелно се работи и на партерно уредување на просторот, со што туристичкиот центар ќе добие нов и модерен изглед.

Овој објект значително ќе допринесе за зголемување на туристичката понуда не само на Вевчани туку и на целиот регион.

Истовремено, Заменик министерот за локална самоуправа Дејан Павлески го посети и новоизградениот парк пред општинската зграда. Проектот „Изградба и партерно уредување на мал плоштад СА во центарот на Вевчани“ е финансиран преку Биро за регионален развој.

Реконструкција на канализациона линија „Сербакој – Бубаној“

Преку Бирото за рамномерен регионален развој обезбедивме средства во висина од 1.500.000,00 денари за нова канализациона линија.

После 40 години ќе се гради нова, односно ќе се реконструира канализациона линија Сербакој – Бубаној како дел од канализационата линија Трафо – Бубаној – Смолејца.
Оваа реконструкција е предуслов за реконструирање и на асфалтниот слој на истоимената улица, бидејќи ние градиме по план.

Полуматурантите од ООУ „Страшо Пинџур“ Вевчани – Генерација 2020 на прием кај градоначалникот

Денес во просториите на општина Вевчани, градоначалникот Сашо Јанкоски изврши прием на полуматурантите, со цел одбележување на овој значаен момент за нив, кој го одбележа со мал симболичен поклон за нив. Градоначалникот им ја честита полуматурата во согласност со препорачаните мерки и услови кои ги наметна новонастанатана состојба со вирусот Ковид19:

Драги полуматуранти,

Од името на Општина Вевчани како и од мое лично име,
Ви посакувам успешно завршување на вашето основно образование, кое е само едно скалило во понатамошното ваше образование. 

Ви посакувам голем успех во понатамошното ваше школување и запишување во средно училиште. 🧑🏻‍🎓

Ситуацијата која не снајде, ви ја расипа вечерашната заедничка полуматурантска забава. Но тоа, треба да ве охрабри да ги почитувате мерките и препораките, за во текот на летото, кога ќе го победиме вирусот да прославите како што доликува.

Да ми сте живи и здрави

Термо фасада на општинската зграда – Домот на култура – Вевчани

Денес започнавме со реализација на новиот проект “Термо фасада на општинската зграда и Домот на култура – Вевчани”.

Од страна на надзорниот орган, во присуство на претставници од Центарот за развој на југозападниот регион и Градоначалникот на општина Вевчани беше направен вовед во работа на изведувачот на проектот. Проектот е во вредност од 2.500.000 денари, а се реализира преку Центарот за развој на југозападниот плански регион.

Општинската зграда и Домот на култура ќе добијат нов, модерен, европски лик.

Продолжуваме активно да работиме за модернизирање на целата територија на Општина Вевчани!

 

Изграден новиот парк во центарот на Вевчани

Заврши изградбата на новиот парк пред општинската зграда. Овој руиниран простор беше не само многу грда слика во самиот центар на Вевчани, туку и голема опасност за жителите. Со изградбата на новиот модерен парк, центарот на Вевчани конечно доби нов и модерен лик. Овој многу значаен проект за Вевчани се реализираше со средства од Бирото за рамномерен регионален развој и општина Вевчани.