Општина Вевчани набави нова тракторска прскалка за спроведување на оперативните мерки

За подобро справување со пандемијата на вирусот Ковид19, а во согласност со препораките и задолжувањата на Владата и Централниот кризен штаб, општина Вевчани набави нова тракторска прскалка за поефикасно и побрзо дезинфицирање на улиците во Вевчани.

Во согласност со оперативниот план на општината за дезинфекција и справување со состојбата предизвикана од корона вирусот Ковид19, прскалката ќе биде ставена во функција почнувајќи од утре од страна на ЈП „Еремја“ Вевчани.

Апелираме до граѓаните на општина Вевчани да останат дома и да ги почитуваат насоките на Владата, а институциите во општината и понатаму ќе превземаат активности за справување со вирусот.

Соопштение за работно време на општина Вевчани

  • Се известуваат граѓаните на општина Вевчани дека поради кризната состојба предизвикана од вирусот КОВИД-19, а согласно препораките и мерките на Владата за спречување на опасноста од ширење и зараза со Ковид – 19 вирусот, од 30.03.2020 година општинската администрација ќе работи со скратено работно време, од 08:00 до 13:00 часот, секој работен ден и со намален број на вработени.
  • Работно време од 8:00 до 13:00 часот ќе важи се до наредни насоки на погоре наведените надлежни институции.
  • Во општината ќе можат да влегуваат само странки, кои имаат итни и неодложни работи во однос на општината, при што задолжително на влезот да ги дезинфицираат рацете и обувките со дезинфикационо средство.
  • Градоначалникот и службите на општината остануваат достапни за итни потреби на граѓаните, додека локалната самоуправа продолжува со работа на тековните проекти.
  • АПЕЛИРАМЕ граѓаните на минимум да ги редуцираат своите активности во однос на локалната самоуправа (освен за итни и неодложни работи) и своите контакти со општината да ги остваруваат телефонски или електронски, преку активните телефонски линии на општината и мобилните општински тимови, како и веб сервисите на општината.

Поплочување на улицата „Стванци 2“

Градежните активности во Вевчани продолжуваат и во моментов се врши поплочување на уличката „Стванци 2“. Средствата се обезбедени преку Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој во рамките на проектот во кој се вклучени и улиците „Даскалој – Обиколница“, „Алулој – Гогој“ и „ Сервисна С4 – фаза 1“.

Пробивање и проширување на патот “Пелвец – Стредорци” – пристап до земјоделските земјишта

Во рамките на градежните активности во општина Вевчани денес одпочнавме со пробивање и проширување на патот “Пелвец – Стредорци”. Ова е многу значаен пат за пристап до земјоделски земјишта, а воедно е уште еден од проектите на градоначалникот Сашо Јанкоски ветени во изборната програма како пристапни патишта до земјоделско земјиште.
Со пробивање на овој пат се отвара можност повторно да се обработува земјоделско земјиште кое гравитира на овој пат и се подобрува состојбата со пристапните патишта до земјоделските земјишта на територијата на општина Вевчани.

Апел за самоизолација и следење на мерките и одлуките на Владата во врска со Ковид-19

Градоначалникот на општина Вевчани, Сашо Јанкоски испрати апел до граѓаните на општината а особено до лицата кои се враќаат во Вевчани од ризичните подрачја зафатени со корона вирусот, Веднаш по доаѓањето во Вевчани да ги следат мерките и одлуките на Владата, да останат во своите домови во самоизолација во наредните 14 дена, да користат заштитни маски и ракавици како би ги заштитиле прво своите најблиски, а потоа и останатите жители на Вевчани.

Непочитување на овие мерки ги носи во опасност сите, а казните за истите ќе бидат ригорозни и високи. Иако не треба да има место за паника, превенцијата е секогаш подобра од лечењето. Доколку имате информации за граѓани за кои сте сигурни дека дошле во последниве неколку дена од кризни подрачја а не ги почитуваат препораките за самоизолација, веднаш известете ги надлежните институции кои треба да превземат соодветни мерки.

По донесените насоки на Општинскиот кризен штаб и Општина Вевчани, ЈП Еремја почна да ги спроведува мерките за дезинфекција. Продолжуваме со спроведување на мерките за заштита од корона вирусот.

✔️ Денес после завршување на пазарниот ден, по донесените заклучоци на Општинскиот кризен штаб, Ј.П.Еремја детално го дезинфицира и го исчисти пазарот и центарот на Вевчани.
Апелираме на сите граѓани на Вевчани, да ги следат и применуваат мерките на Министерството за здравство и Владата.

✔️ Останете дома и заштитете се
✔️ Да го чуваме јавното здравје