by Општина Вевчани | Јан 12, 2020
Денес во 16:00 часот започнува програмата за Вевчански карневал 2020 со отворање на изложбата „Вевчанскиот карнвал низ призмата на Билјана Јуруковски“ која со своето присуство на карневалот во 2019 година ги овековечи моментите од карневалот и изработи слики кои ги донираше на општина Вевчани. Во 17:00 часот за првпат оваа година на „Вевчанскиот карневал“ ќе има и кулинарско шоу со Бранко Попоски насловено „Вкуси го Вевчани“. Тој е познат по својот гастрономски блог на социјалните мрежи: „Готвење со Бранко“ (Cooking with Branko), а за време на карневалот најави дека ќе подготви традционални вевчански специјалитети што се подготвуваат во оваа пригода.
Овие денови се од особено значење за Вевчани и вевчанци, во овие два дена Вевчани се претвора во отворен театар без режија и без сценарио, а во главна улога се креативните и инвентивни вевчанци, познати шегобијци кои преку маските ја пренесуваат пораката со критика и сарказам за настаните во годината што измина.
Вечерва во 19 часот на отвoрената сцена на игралиштето ќе настапат: ди џеј Тодороф, дуото „Ај кју“, „Брас брадерс“ и популарниот пејач Влатко Лозаноски. На 13 јануари, по претставувањето на маските на големото василичарко дефиле, во вториот дел на програмата што почнува во 21 часот ќе настапат фолк ѕвездите: Дамјан Стојановски и Татијана Стефановска со своите бендови а на крај ќе настапи и дувачкиот оркестар „Весела дружина“. На полноќ со традиционален огномет ќе биде пречекана Стара нова година.
Во продолжение покрај програмата за овогодинешниот карневал споделуваме и неколку фотографии од карневалот од минатите години.
by Општина Вевчани | Јан 3, 2020
Под слоганот „Напрај се василичар“ од 12 до 14 јануари ќе се одржи традиционалниот „Вевчански карневал 2020“ кој и оваа година ќе понуди богата културно-забавна програма и забавни содржини за повеќе од 10.000 посетители. Се очекува да продефилираат над 1.000 оригинални маски, што се чуваат во тајност се до денот на одржувањето на карневалот, и многу други содржини со кои Вевчани стана примамлива туристичка дестинација за посетители од земјава, и од странство, чиј број од година во година е се поголем.
Градоначаникот на општина Вевчани, Сашо Јанкоски, на денешната прес-конференција во Скопје, најави дека се е подготвено за најголемиот уличен театар во нашата земја, што постои цели 14 века.
– За оваа 2020 година, јас и сите вевчанци ветуваме многу смеа, игра, тетатар и маски кои што ќе го привлечат вниманието на јавноста, задржувајќи ја својата уникатност и архаичност. Повикувајќи се на годинашниот оригинален слоган: „Ке ојш? На вевчански. Напрај се и ти василичар“ ги повикувам сите љубители на добрата забава да дојдат во Вевчани и да станат василичари – порача градоначалникот Јанкоски.
Градоначаникот на Вевчани се надева дека како и досега креативноста на учесниците на карневалот ќе биде голема при подготовката на нивните маски и акцентот ќе биде ставен на политичките случувања, но и на други моменти од јавниот живот во земјава и пошироко.
Годинашната програма запонува на 12 јануари во 16 часот кога ќе биде отворена изложбата „Вевчанскиот карнвал низ призмата на Билјана Јуруковски“ која со своето присуство на карневалот во 2019 година ги овековечи моментите од карневалот. Исто така, за првпат оваа година на „Вевчанскиот карневал“ ќе има и кулинарско шоу со Бранко Попоски насловено „Вкуси го Вевчани“. Тој е познат по својот гастрономски блог на социјалните мрежи: „Готвење со Бранко“ (Cooking with Branko), а за време на карневалот најави дека ќе подготви традционални вевчански специјалитети што се подготвуваат во оваа пригода.
Вечерта на 12.01 во 19 часот на отвoрената сцена на игралиштето ќе настапат: ди џеј Тодороф, дуото „Ај кју“, „Брас брадерс“ и популарниот пејач Влатко Лозаноски. На 13 јануари, по претставувањето на маските на големото василичарко дефиле, во вториот дел на програмата што почнува во 21 часот ќе настапат фолк ѕвездите: Дамјан Стојановски и Татијана Стефановска со своите бендови а на крај ќе настапи и дувачкиот оркестар „Весела дружина“. На полноќ со традиционален огномет ќе биде пречекана Стара нова година.
Традиционално на 14 јануари, според паганските обичаи, точно напладне маските се палат, со цел да се уништи злото и почнуваат подготовките за следната година.
by Општина Вевчани | Јан 1, 2020
Во својата новогодишна честитка упатена кон своите сограѓани градоначалникот на општина Вевчани порача:
Почитувани вевчанци,
Во текот на изминатава година како општина Вевчани и како градоначалник се трудевме да го исполниме се она што ви го ветеивме, да излезиме во пресрет на сите ваши проблеми. Поголем дел од ветувањата и проблемите што беа поставени пред нас успеавме и да ги решиме.
Мисијата продолжува и во 2020 година!
На приватен план ви посакуваме да ве служи здравјето, среќата, љубовта, бериќетот… Би сакале да сте среќни, задоволни и насмеани, а ни ќе се трудиме и во оваа година да ги исполниме нашите ветувања и вашите желби за помодерно и понапредно Вевчани!
Среќна Нова 2020 година!
Со почит,
Градоначалник
Сашо Јанкоски
by Општина Вевчани | Дек 27, 2019
Градоначалникот на општина Вевчани, г-дин Сашо Јанкоски, на 26.12.2019 година, беше во посета на Здравствен дом “Д-р Светозар Чочороски” – Вевчани. При посетата оствари средба со директорот г-дин Јован Стојкоски кој истакна дека е набавена нова опрема за потребите на лабораторијата. Со новата опрема ќе се овозможи унапредување на услугите за граѓаните, директорот посочи дека во тек е подготовката за новите услуги кои што се планираат да се воведат во Здравствениот дом – Вевчани, како и дека за кратко време ќе отпочне со работа и новото кардио ехо, со кое ќе се овозможи граѓаните кои имаат потреба од ваков кардио преглед оваа услуга да можат да ја добијат во Здравствен дом-Вевчани.