Потпишан меморандум за соработка за јакнење на капацитетите на општинскиот совет

Градоначалникот Сашо Јанкоски, претседателот на Советот на општина Вевчани Душко Ѓурчески, и Постојаната претставничка на УНДП, Нарине Сахакјан денес го потпишаа меморандумот за соработка во рамките на проектот за зајакнување на општинските совети, Програмата за развој на обединетите нации (УНДП).

Преку проектот, финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка, советниците од овие општини добиваат обуки и поддршка за планирање и трошење на општинските буџети согласно очекувањата на граѓаните, а секоја од општините ќе добие грант во висина од 50.000 швајцарски франци за приоритетни проекти кои ќе ги изберат граѓаните преку Форумите во заедницата.

Покрај обуките за советниците и грантот од 50.000 швајцарски франци, секоја од општините ќе добие и грант во висина од 12.000 швајцарски франци за имплементација на иновативни IT решенија за зголемување на транспарентноста и отчетноста на општините, како и учеството на граѓаните во носењето одлуки на локално ниво.

Од 2017 година до сега, вкупно 24 општини се вклучени во програмата. Проектот, вреден 3,4 милиони швајцарски франци, е финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка и е имплементиран од УНДП во партнерство со Министерството за локална самоуправа, Министерството зa финансии, Заедницата на единиците на локалната самоуправа, Здружение на финансиски работници и UN Women.

http://opstinskisoveti.mk/mk/over-one-million-swiss-francs-to-strengthen-local-democracy-in-18-municipalities/

Градоначалникот Јанкоски на увид на изградбата на новата прочистителна станица во Вевчани.

Градоначалникот на општина Вевчани Сашо Јанкоски беше на увид на изградбата на новата модерна прочистителна станица која  во моментов се гради на територијата на општина Вевчани. Ова можеби е еден од најзначајните, најфункционалните и најкапиталните објекти кои се изградиле на територијата на општина Вевчани. Овој објект сам по себе ќе не промовира како еколошки чиста средина која сама се справува со загадувањето. Објектот напредува одлично и некаде на пролет општина Вевчани ќе добие супер модерна прочистителна станица.

 

Почнавме со градба на сервисната улица С4!

Градоначалникот на општина Вевчани Сашо Јанкоски,  во текот на вчерашниот ден  присуствуваше на воведот во работа на изведувачот за  “Сервисната улица С4”. Конечно исправена е една повеќе децениска неправда кон граѓаните кои живеат на оваа улица во екстремно лоши услови, затоа што и при најмали врнежи на дожд не можеа нормално да функционираат без на нив да облечат гумени чизми, бидејќи буквално кал тука имаше до колена. Првата фаза од оваа улицата предвидена да се изгради со асфалт, а средствата се обезбедени преку АФПЗЗР.  Општина Вевчани и понатаму продолжува со кампањата  “Вевчани без кал”.

Започна реконструкцијата на регионалниот пат „Вевчани – Суво поле“

Во текот на вчерашниот ден започнаа активностите за чистење на тротоарите со што и се отпочна со реконстукција на регионалниот пат „Вевчани – Суво поле“. Средствата се обезбедени од страна на ЈП за Државни патишта, а како најповолен изведувач е избрана фирмата АД Илинден. Во текот на наредните денови ќе се отпочне и со асфалтирање на истиот. Со ова уште еднаш се докажува девизата дека градиме по план. Голема Благодарност до Владата и ЈП за Државни Патишта.

Активно се работи на изградбата на Пречистителната станица во Вевчани

Денес бев на увид на објектот каде се гради новата прочистителна станица за отпадни води во Вевчани. Во моментов се поставуваат доводот на електрична енергија, вода, и се тампонира пристапниот пат до станицата. Вевчани до крајот на годината ќе добие нова, модерна прочистителна станица вредна околу 17.000.000 денари. Средствста за овој проект “Подобрување на управување со заштитени подрачја” се финансирани од ЕУ, а проектот го спроведува УНДП во соработка со МЖСПП.