by Општина Вевчани | Окт 23, 2019
Почитувани,
Со задоволство Ве покануваме да присуствувате на Инфо ден за спроведување и користење на Инструментот за претпристапна помош на Европската унија за рурален развој ИПАРД 2014 – 2020, каде што ќе се презентираат МЕРКА 3 – Инвестиции во материјални средства за преработка и маркетинг на земјоделските и рибните производи и
МЕРКА 7 – Диверзификација на фармите и развој на бизниси од ИПАРД 2014-2020.
Место на одржување: Клуб на пензионери, Општина
Вевчани
Датум: 25.10.2019
Време: 15:00 часот
by Општина Вевчани | Окт 23, 2019
Во текот на вчерашниот ден во присуство на градоначалникот Сашо Јанкоски започна изградбата на паркот пред општинската зграда. Овој руиниран простор беше не само многу грда слика во самиот центар на Вевчани, туку и голема опасност за жителите . Со изградбата на новиот модерен парк како и реконструкцијата на зградата на старото основно училиште во модерен туристички центар, центарот на Вевчани конечно ќе добие нов и модерен лик. За овој многу значаен проект за Вевчани, преку Бирото за рамномерен регионален развој се обезбедени 3 500 000 денари, а остатокот од околу 900 000 денари се сопствени средства на општина Вевчани. Градежната офанзива во Вевчани која ја најавуваше градоначалникот Јанкоски веќе е видлива на секој чекор. Вевчани во моментов е претворено во едно големо градилиште!
by Општина Вевчани | Окт 18, 2019
Започнавме со поплочување на улицата „Алулој – Гогој 1“, улица која до сега беше со кал а ќе биде поплочена со камени плочи во автентичен амбиент кој одлично се вклопува во традиционалните стари градби во Вевчани. Средствата за изградба на оваа улица се обезбедени преку Центарот за развој на југозападниот плански регион. Во наредниот период продолжуваме со изградба и реконструкција и на други улици низ Вевчани.
by Општина Вевчани | Окт 17, 2019
На 16.10.2019 година со почеток во 17:00 часот во зградата на Општина Вевчани, Клуб на пензионери – Вевчани се одржа Енергетска трибина организирана од Стопанска комора за енергетика на Македонија заедно со Општина Вевчани.
На трибината одржаа говор, Градоначалникот на Општина Вевчани г-дин Сашо Јанкоски, Претседателот на Стопанската Комора за енергетика на Македонија г-дин Ѓорѓи Манасков, Државен инспектор за животна средина г-ѓа Лидија Зафировска, Вице-Претседател за Централна Македонија на Стопанската комора за енергетика г-дин Ристо Каракашев, ЕСКО компанија за улично осветлување од ЕУ- Хрватска г-дин Томислав Грива.
Присутните компании и граѓани на оваа трибина беа информирани за новите случувања во енергетскиот сектор, како и за можноста за инвестирање во обновливи извори на енергија, фотоволтаици, хидроцентрали, можностите за искористување на грантови преку ИПАРД и други фондови, премиум тарифи, откуп и продажба на електрична енергија. Исто така на трибината беше презентиран и модел за јавно осветлување претставен од г-динот Грива од ЕСКО компанијата за улично осветлување од Хрватска. Стопанската комора за енергетика ја нагласи својата подготвеност за соработка при спроведувањето на енергетски мерки кои се во склоп на нивната дејност, како и да му се помогне на секој граѓанин или компанија кои имаат проблем во енергетиката или сакаат да инвестираат.
by Општина Вевчани | Окт 15, 2019
На ден 16.10.2019 година ( среда) во 17.00 часот во општина Вевчани се одржува
ЕНЕРГЕТСКА ТРИБИНА од Стопанската Комора за Енергетика на Македонија
заедно со ОПШТИНА ВЕВЧАНИ.
Целта е подобрувањена на ЕНЕРГЕТСКАТА – ФИНАНСИСКАТА И ЕКОНОМСКАТА
состојба на општината како и на граѓаните и компаниите во општина Вевчани.
На трибината ќе одржат говор:
1) Градоначалникот на Општина Вевчани – Гдин Сашо Јанкоски,
2) Претседателот на Стопанската Комора за енергетика на Македонија – Гдин Ѓорѓи Манасков,
3) Државен инспектор за животна средина – Г-ѓ а Лидија Зафировска,
4) ЕСКО компанија за улично осветлување од ЕУ-Хрватска – Гдин Томислав Грива,
Ги покануваме сите членови и компании од Стопанската Комора за Енергетика во Македонија, како и заинтересирани граѓани и компании кои имаат можност и интерес да дојдат на енергетската трибина која ќе се одржи во зградата на Општина Вевчани.
Ве очекуваме