by Општина Вевчани | Окт 11, 2019
Почитувани,
11 Октомври не е само Ден на народното востание, туку преставува и камен темелник на новата Македонска држава. Четиригодишната народно-ослободителна епопеја на Македонскиот народ во Втората светска војна го реализира многу вековниот сон на Македонскиот народ за создавање сопствена држава.11 Октомври го преставува вековниот сремеж на Македонецот за формирање на своја држава, на своја територија и приклучување кон големото Светско семејство на народите.
Аманет на паднатите борци во НОВ 1941 – 1945 е да го сочуваме она за што тие ги положија своите животи.
Нека ни е честит и вековит 11 Октомври, Денот на народното востание!
by Општина Вевчани | Окт 11, 2019
По повод одбележувањето 165 години од раѓањето на големиот научник и добротвор Михајло Идворски Пупин, во неговиот роден Идвор се одржа Свечена академија на која на покана на општина Ковачица, МЗ Идвор и Фондацијата Младен Селак, присуствуваше и делегација на општина Вевчани предводена од градоначалникот Сашо Јанкоски. На манифестацијата беа доделени Пупинови медаљи за различни категории. Меѓу овогодинешните добитниците на Пупинова медаља беше и екс градоначалникот на општина Вевчани, Васил Радиноски за промовирање на ликот и делото на Михајло Идворски Пупин. Претседателот на Фондацијата Младен Селак, господин Милан Божиќ, во својот поздравен говор истакна дека општина Вевчани со поставувањето на бистата на Пупин, се става на листата на места како Идвор, Блед, Њу Јорк во кои постои споменик на Михајло Идворски Пупин.Овие пофални зборови и самиот чин на пречек на највисоко можно ниво на делегацијата на општина Вевчани, ни даваат уште поголем поттик да ги развиваме и продлабочуваме односите помеѓу Вевчани и Идвор, како и помеѓу двата наши братски народа.
by Општина Вевчани | Окт 8, 2019
Денес започнаа градежните активности за изградба на пешачката улица „Ќежој“.
Продолжуваме со изградба на локалните улици и пешачки патеки низ Вевчани.
Со тоа ја продолжуваме кампањата која ви ја ветивме “Вевчани без кал”. Средствата за изградба на улицата „Ќежој“ со должина од 95 метри, се обезбедени преку Центарот за развој на југозападниот плански регион.
by Општина Вевчани | Окт 7, 2019
Во рамките на Манифестациите кои се одржуваат секоја прва недела во месец Октомври – ДЕТСКА НЕДЕЛА, денес во посета на градоначалникот Сашо Јанкоски беа дечињата и вработените во ЈОУДДГ “Планински цвет”- Вевчани.
Како мал допринос за исполнување и збогатување на содржината на дневниот престој на најмалите, градоначалникот Јанкоски од името на општина Вевчани им подари едукативни прирачници и сликовници за нивната нова мини библиотека.
Градоначалникот Сашо Јанкоски истакна дека во секоја наредна прилика во рамките на можностите на општината ќе помагаме во збогатување на фондот на детската библиотека, бидејќи децата се нашето најголемо богатство, нашата гордост, нашата радост и нашата иднина.
.
by Општина Вевчани | Сеп 29, 2019
Успешно реализирана еко акцијата за чистење на вевчанска река на потегот „Вевчански извори“ – „Пешински мост“. Граѓаните кои се одзваа на повикот на градоначалникот на општина Вевчани, Сашо Јанкоски, покажаа дека Вевчани има граѓанска свест за чиста животна средина. За време на акцијата беше собрано и отстрането ѓубрето по течението на реката и во реката.
Еко-активистите испратија апел до локалното население и посетителите да не фрлаат отпадоци во реката за да ја оставиме чиста и за нашите деца. Нека ваквите акции бидат пример за сите и силен апел дека треба да се грижиме за животната средина затоа што таа нам ни е потребна.