by Општина Вевчани | Фев 3, 2021
Денес градоначалникот на Општина Вевчани Сашо Јанкоски, беше на увид на работите во детската градинка “Планински Цвет” – Вевчани. Разботите се изведуваат по предвидената динамика и за кратко време детската градинка ќе добие нов модерен ентериер. Средствата за овој проект се обезбедени од страна на Швајцарската агенција за развој SDC, а е спроведуван од УНДП и Општина Вевчани.
by Општина Вевчани | Јан 8, 2021
Градоначалникот на Општина Вевчани Сашо Јанкоски, денеска направи увид на градежните активности за реконструкција на детската градинка “Планински цвет” – Вевчани. Со овој проект предвидено е: спуштање на плафоните со хантер-даглас елементи, поставување на нова внатрешна расвета, набавка на играчки и реквизити, санација на ѕидовите и нивно фарбање, како и изградба на ново игралиште за децата опремено со нови најмодерни реквизити и урбана опрема.Средствата за овој проект се обезбедени преку проектот “Зајакнување на капацитетите на општинските совети” финансиран од Швајцарската агенција за развој SDC, администриран од УНДП, а спроведуван од Општина Вевчани.
Вредноста на проектот е 2 милиони и 450 илјади денари, а градежните активности ги реализира Градежната компанија „ТАНЕ 2007 “ од Охрид која беше избрана по претходно распишан тендер на Општина Вевчани.
by Општина Вевчани | Дек 24, 2020
Денес во Салата на Советот на општина Вевчани започнавме со поставување на видео и аудио опремата. После вградувањето на оваа опрема и завршување на овој проект, седниците на Советот ќе се емитуваат во живо. Планирано е поставување на HD камери, микрофони и озвучување, како и миксети за емитување седниците на Советот во живо. Средствата за набавка на видео и аудио опремата се обезбедени преку проектот “Зајакнување на капацитетите на советите” финансиран од Швајцарската агенција за развој SDC, администриран од УНДП, а спроведен од Општина Вевчани. Општина Вевчани полека но сигурно станува модерна, отчетна општина.
by Општина Вевчани | Дек 22, 2020
Денес 22.12.2020 година на Советот на Општина Вевчани на последната седница предвидена за оваа година ја одржа дваесет и седмата седница по ред, на која беше донесен буџетот за 2021 година.
На седницата освен Буџетот за 2021 година, усвоени беа и предлог – програмите на локалната самоуправа, јавните претпријатија и службите основани од општината, за работа во 2021 година.
И со овој буџет предвидена е изградба и рекнструкција на повеќе улици низ Вевчани, реконструкција на детската градинка, како и изградба на нови канализациони линии.
Линк: Службен гласник број 14-20
by Општина Вевчани | Дек 8, 2020
Врз основа на член 29 од Законот за даноците на имот (“Сл. Весник на РМ”бр.61/2004,92/07,102/08,35/11,53/11,84/12,188/13,154/15,192/15,23/16), Одделението за финансиски прашања при Општина Вевчани истакнува:
ЈАВНА ПОКАНА
за поднесување на годишна даночна пријава за утврдување на данокот на имот за 2021 година
- Даночна пријава за утврдување на данок на имот за 2021 година, поднесува даночен обврзник (правно и физичко лице) за:
а) Имотот што го стекнал или почнал да го користи во текот на 2020 година, а за кој нема поднесено даночна пријава (нов даночен обврзник, дополнително стекнат имот кој подлежи на оданочување и сл.);
б) Имотот кај кој настанале промени во сопственоста (оттуѓување и сл.);
в) Имотот кај кој настанале промени во вредноста (доградба, надградба, довршување, проширување и сл.);
Даночната пријава се поднесува до Општина Вевчани – Одделение за финансиски прашања, секој работен ден од 07.30-15.30 часот најдоцна до 31 ЈАНУАРИ 2021 год.