Четврта сесија од Проектниот форум во општина Вевчани

Општина Вевчани, во соработка со УНДП, преку проект финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), Ве поканува да учествувате на четвртата сесија од Проектен форум.

Четвртата сесија од Проектниот форум ќе се одржи во четврток, 27.08.2020 год., со почеток во 14,30 часот, во ООУ „Страшо Пинџур“ – Вевчани.

Целта на форумот е зголемување на учеството на граѓаните во процесот на донесување на одлуки на локално ниво. Форумот е алатка којашто овозможува учество на граѓаните во подготовка и избор на приоритетни проекти.

Присутните граѓани на форумот имаа можност да предлагаат, и, на оваа, четврта, сесија – ќе изберат приоритетни проекти за општината, кои ќе се финансираат од проектниот фонд во износ од 50.000 швајцарски франци (CHF).

ЛИСТА НА ОГЛАСЕНИ РЕШЕНИЈА ЗА ДАНОК  НА ИМОТ ОД  2020 ГОДИНА

Се повикуваат обврзниците за данок на имот, да се јават во Одделението за финансиски прашања  при Општина Вевчани, за да го примат решението за  данок  на  имот  за  2020 година , во рок од 10 дена од денот на објавувањето на оваа објава.

1. ЛИСТА НА ОГЛАСЕНИ РЕШЕНИЈА ЗА ДАНОК  НА ИМОТ ОД  2020 ГОДИНА
ГОДИНА  РЕШЕНИЕ  БРОЈ     ОБВРЗНИК    НАЗИВ/МЕСТО
2020  РЕШ-12-385  Велкоски  Драган Вевчани
2020  РЕШ-12-419  Гогоски  Радован Вевчани
2020  РЕШ-12-511 Калајџијевски Димче ул.Страхиниќ бан бр.28 Белград
2020  РЕШ-12-509 Србакоски Драган Вевчани
2020  РЕШ-12-503 Иваноски Игор  Вевчани
2020  РЕШ-12-471 Шекуткоски С Зоран Вевчани
2020  РЕШ-12-829 Србакоски Владимир ул.ПатријархЈоаникије бр.8 Белград
2020  РЕШ-12-257 Шутиноски Насто ул.Милица Српкиња бр.12 Белград
2020  РЕШ-12-880 Попоски Драгољуб Вевчани
2020  РЕШ-12-526 Макоска Воскресија Вевчани
2020  РЕШ-12-676 Попоски Милутин Вевчани
2020  РЕШ-12-574 Кукоски Милан ул.Медаковиќева бр.26 Вождовац
2020  РЕШ-12-518 Маневски Раде ул.Милице Српкиње бр.19 Белград
2020  РЕШ-12-583 Ѓорелијевски Зоран ул.Јуриј Гагарин бр.105 Белград
2020  РЕШ-12-584 Ѓорелијевски Радован ул.Доктор ЃорѓаЈоаноиќ бр.9 Белград
2020  РЕШ-12-590 Анѓелски Христо ул.Браќа Јерковиќ бр.84/17 Белград
2020  РЕШ-12-629 Кошаркоски Зоран Вевчани
2020  РЕШ-12-617 Дуцкиновски Радован ул.Кронштантска бр.10 Брлград
2020  РЕШ-12-848 Мукоски  Петар ул.Даме Груев бр.5/7-16  Скопје
2020  РЕШ-12-711 Попоски Ставре Вевчани
2020  РЕШ-12-289 Јојиќ Драгица ул.Страхиниќ бан бр.28 Белград
2020  РЕШ-12-377 Ѓорѓевски Стефан ул.Генерал Михајла Недељковиќа бр.67 Белград
2020  РЕШ-12-427 Велковски Томислав ул.Јуриј Гагарин бр.77/69 Белград
2020  РЕШ-12-439 Плушковски Душан ул.Јуриј Гагарин бр.146 Белград
2020  РЕШ-12-815 Бејатовиќ Зора ул.Јосип Шенер бр.11 Белград
2020  РЕШ-12-213 Мукоска Матрона ул.Д-р.Ивана Рибара бр.205 Белград
2020  РЕШ-12-522 Ѓурческа Соња Вевчани
2020  РЕШ-12-404 Пупиноска Злата Вевчани
2020  РЕШ-12-180 Радиновски Устијан ул.Ратка Митровиќа бр.21 Белград
2020  РЕШ-12-726 Радиноски Методија ул.Гаврила Принца бр.46 Белград
2020  РЕШ-12-382 Радиноска Анастасија  Вевчани
2020  РЕШ-12-825 Плушкоска Драгица ул.Д-р.Ѓорѓе Јовановиќ бр.9 Белград
2020  РЕШ-12-345 Шарвалкоски Никола ул.Иван Мичурин бр.29 Белград
2020  РЕШ-12-801 Георгиевска Катерина ул.Гоце Делчев бр.367/16 Охрид
2020  РЕШ-12-666 Костојчиноска Анита ул.Сатеска бр.81/3 Охрид
2020  РЕШ-12-205 Крстеска Весна ул.Горно Лисиче бр.48 Скопје
2020  РЕШ-12-868 Србакоски Васил ул.Козара бр.1 Битола
2020  РЕШ-12-391 Коруноски Ристе ул.Мито ХаџиВасилев  Јасмин бр.40/36 Скопје

Се предупредуваат даночните обврзници, дека ваквиот начин на доставување се смета за уредна достава и дека негативните последици кои можат да настанат ќе ги сносат самите даночни обврзници.

Листа на огласени решенија за данок на имот 13-631-1-2020

Јавната објава  ќе биде извршена и во Службено гласило на општина Вевчани објавено на Веб страната на општина Вевчани.

Се одржа третата форумска сесија во Општина Вевчани

На одржаната трета форумска сесија во просториите на ООУ „Страшо Пинџур“ Вевчани на 12.08.2020 година присуствуваа околу 30 тина учесници. Учесниците на третата сесија презентираа 4 предлог проекти, кои беа утврдени на втората форумска сесија, а опфаќаат теми од областа на социјална и детска заштита, образование, стари лица, животна средина при што беа презентирани проектите за „Aдаптација и пренамена на просториите на објектот Детска Градинка  ЈОУДДГ ‘Планински Цвет’ – Вевчани“; „Креирање на стимулативна училишна средина во ООУ ‘Страшо Пинџур’ – Вевчани преку набавка на нагледни средства и опрема“; „Реновирање на Дневниот центар за стари изнемоштени лица и пензионери“; „Селектирај и допринеси за заедницата – поставување на канти за отпад“. Предлог проектите беа прифатени од мнозинството од пристутните на проектниот форум и беа изгласани да продолжат во понатамошна фаза.

Проектот „Зајакнување на општинските совети“  е финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка, а спроведуван од УНДП во партнерство со Министерството за локална самоуправа, Министерството зa финансии, Заедницата на единиците на локалната самоуправа, Здружение на финансиски работници и UN Women.

При организирањето на форумската сесија беше спроведуван Протокол на мерки на безбедност за одржување на форумски сесии во услови на ризик од Ковид-19. Согласно протоколот, запазени беа сите здравствени протоколи, односно мерење температура при влез во просторијата, физичка дистанца, носење заштитни маски, користење средства за дезинфекција.

Присутните граѓани со своите активности поврзани со форумот ќе овозможат да се имплементира проект поддржан од граѓанскиот сектор во износ до 2,7 милиони денари, односно 50 илјади швајцарски франци.

Четвртата форумска сесија ќе се одржи на 27.08.2020 година во просториите на ООУ „Страшо Пинџур“ Вевчани.

Информација до здружението на пчелари

Се известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Вевчани дека на ден 13.08.2020 година (четврток), екипите на Центарот за јавно здравје Охрид, ќе спроведат теристичка (од земја) дезинсекција за уништување на комарците. Запрашувањето ќе се врши во периодот од 19:00 до 04:00 часот.

Покана за Проектен форум во Општина Вевчани – трета сесија  

Општина Вевчани, во соработка со УНДП, преку проект финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), Ве поканува на Проектен форум.

Третата сесија од Проектниот форум ќе се одржи во среда, 12.08.2020 година, со почеток во 14:30 часот, во ООУ „Страшо Пинџур“ – Вевчани.

Целта на форумот е зголемување на учеството на граѓаните во процесот на донесување на одлуки на локално ниво. Форумот е алатка за учество на граѓаните во подготовка и избор на приоритетни проекти.

Присутните граѓани на форумот ќе имаат можност да предлагаат и да изберат приоритетни проекти за општината, кои ќе се финансираат од проектниот фонд во износ од 50.000 швајцарски франци (CHF).

Забелешка: Во услови на ризик од Ковид-19 пандемијата, организаторите ќе превземат мерки за заштита за време на форумската сесија, но апелираме и до учесниците:

  • Да одржуваат безбедна дистанца;
  • Да носат заштитна маска цело време (покриени се носот и устата);
  • Да не учествуваат на сесијата во колку имаат висока температура или други симптоми карактеристични за Ковид-19.

„ЗАШТИТИ СЕ! – ДИСТАНЦА, МАСКА, ДЕЗИНФЕКЦИЈА. ЗА ЗДРАВЈЕТО СЕ РАБОТИ“

Дневен ред за трета форумска сесија