by Општина Вевчани | Јул 20, 2023
Во Недела на 23.07.2023 година во мултикултурниот центар во Вевчани со почеток во 20:00 часот ќе се одигра театарската претстава „ Пратеникот“ од Интимен театар од Битола а во режија на Софија Ристеска Петрушева, по „ Народен пратеник “ на Банислав Нушиќ.
Улогите ги играат : Катерина Аневска Дранговска, Валентин Дамчевски и Борис Богдановски.
by Општина Вевчани | Јул 20, 2023
Вчера на плоштадот Вевчани со концертите на музичката група Лурег и дуото Викторија и Алмир се отвори Вевчанско лето 2023година.
Публиката уживаше во прекрасните изведби на голем број хитови.


by Општина Вевчани | Јул 18, 2023
Во периодот од 19 јули до 31 август, и оваа година во Општина Вевчани ќе се организира манифестацијата „Вевчанско лето“, манифестација која има за цел да го збогати културното живеење во Вевчани во летниот период.
„ Вевчанското лето 2023“ изобилува со богата соджина прилагодена за сите генерации и возрасти, предвидени се театарски претстави, музички програми, спортски настани, уметнички изложби.
Вевчанското лето е под целосно покровителство на Општина Вевчани, поддржано во рамките на програмата за финансирање на проекти од локален интерес во културата за 2023 година.
Ве покануваме да присуствувате и да уживате со содржините!