by Општина Вевчани | Ное 15, 2022
Изборот на општина Вевчани за една од најдобрите Топ 100 Приказни за Зелени Дестинации за 2022 година ја отвара можноста за соработка со други општини и туристички организации од регионот.
Преставници од локалната самоуправа и бизнис секторот кој се заинтересирани да бидат дел од програмата за сертифицирање на зелени бизниси учествуваат на регионална конференција за одржлив туризам и зелени дестинации во организација на Туристичка организација Тиват, Црна Гора. Одржливото управување и развојот на општина Вевчани како зелена дестинација е една од главните стратешки определби на општина Вевчани.

by Општина Вевчани | Ное 10, 2022
Огромниот пораст на цената на елеткричната енергија е еден од главните проблеми со кои соочуваат општините, јавните комунални претријатија и бизнис секторот. Како одговорна локална самоуправа превземаме конкретни мерки и активности за ублажување на ефектите од енергетската гриза:
- Изработивме проект за поставување на фотоволтаична централа со вкупна номинална моќност од 80 kWp на објектот на пречистителната станица за отпадни води во Вевчани.
- Со изработениот проект конкуриравме на објавениот конкурс за спроведување на мали пректи од областа на енергетиката климатската заштита и транспортот за општини и градови, како дел од активностите на проектот „ЕУ за енергетска транзиција: Пакт на градоначалниви во Западен балкан и Турција, заеднички кофинансиран од Европската унија и Германското федерално министерство за економска соработка и развој. Проектот го спроведуваат GIZ во Западен Балкан и CPMA во Турција.
- Проектот на општина Вевчани “Кон енергетски ефикасни општини“ е избран за победнички проект и ќе добие техничка и финансиска поддршка за негова реализација.
Континуирано и посветено работиме на подобрување на енергетската ефикасност и заштеда на трошоци за електрична и топлинска енергија во јавните објекти. Во тек е подготовка на нови проекти за енергетска ефикасност на јавните објекти во општина Вевчани, а во буџетот на 2023 година ќе се планираат средства за отпочнување на постапка за изградба на фотоволтаична централа со номинално моќност до 1МW
by Општина Вевчани | Ное 7, 2022
Општина Вевчани ја поддржува кампањата на СОС Детско село „ Подај рака и промени живот! , Стани згрижувач “
