„ Ноќ спроти Илинден “ – Содржина на „ Вевчанско лето“ во чест на празникот Илинден
Вечер на етно музика и поезија со Невена Танеска, Теодор Бошков и Верица Мукоска на Вевчанско лето 2022 во чест на големиот национален празник Илинден
Вечер на етно музика и поезија со Невена Танеска, Теодор Бошков и Верица Мукоска на Вевчанско лето 2022 во чест на големиот национален празник Илинден
Вчера, 24.07.2022 ( Недела ) година во Дом на култура – Вевчани се одигра претставата за деца Шушавко, мајмунот и снежната кралица на Интимен театар од Битола. Децата уживаа во прекрасната претстава.
Утре, 26.07.2022г. ( Вторник ) во Мултикултурниот центар „ Коста Србакоски“ со почеток во 20:30 часот свој конецрт ќе одржи Аница Нелоска – пијано во класата на проф. Верица Давитарова. Гости на концертот ќе бидат Јана Блажевска – сопран и Марко Китаноски – гитара.
Вчера, 20.07.2022 година во Мултикултурниот ценар “Коста Србакоски” беше отворена изложбата на дела од првата Детска ликовна школа “Вевчански видувања” 2022. Свое обраќање имаше организацискиот секретар на “Вевчански видувања” – Ефимија Угриновска Кукоска која се заблагодари на присутните и ја прогласи изложбата за отворена. Делата ќе бидат изложени во прекрасните галериски простории до 14 август.