by Општина Вевчани | Јул 20, 2022
Со претставници од АГЕЦИЈА ЗА ПРОМОЦИЈА И ПОДДРШКА НА ТУРИЗМОТ дискутиравме за досегашните реализирани активности и можности за идна соработка. Договорено е зајакнување на меѓусебната соработка и комуникација, како и формирање на работна група за развој на идни проекти и програми од областа на туризмот и промоција на туристичките локалитети на Општина Вевчани.


by Општина Вевчани | Јул 19, 2022
Утре, 20.07.2022 ( Среда ) во Мултикултурниот центар „ Коста Србакоски “ – Вевчани во 20 : 00 часот ќе се отвори изложбата на уметничките дела од Детската Ликовна Школа која годинава се одржа во рамките на ликовната колонија „ Вевчански видувања “ . Изложбата е дел од манифестацијата „ Вевчанско лето “ во организација на Здружението „ Вевчани Турист Инфо “ а под покровителство на Општина Вевчани

by Општина Вевчани | Јул 18, 2022
Од 15 јуни во Вевчани се отвори Вевчанско лето 2022, манифастација која има за цел да го збогати културното живеење во заедницата. Вевчанското лето содржи програми од областа на културата , спортот и науката се со цел да ги задоволи сите вкусови, како програма која што е наменета за сите возрасти. Вевчанското лето е под целосно покровителство на Општина Вевчани а е во организација на здружението Вевчани Турист Инфо.
Вевчанското лето изобилува со богата соджина прилагодена за сите генерации и возрасти,
предвидени се театарски претстави, музички програми, спортски настани, научни случувања и
истата ќе се случува на повеќе локации низ Вевчани