„Пратеникот на Вевчанско лето 2023“

Вчера, во домот на култура во Вевчани се одигра театарската претстава „ Пратеникот “ во режија на Софија Ристовска Петрушева.

Публиката уживаше во спектакуларната претстава и актерска игра на актерите од Интимен театар од Битола.

Театарската претстава „ Пратеникот“ на Вевчанско лето 2023

Во Недела на 23.07.2023 година во мултикултурниот центар во Вевчани со почеток во 20:00 часот ќе се одигра театарската претстава „ Пратеникот“ од Интимен театар од Битола а во режија на Софија Ристеска Петрушева, по „ Народен пратеник “ на Банислав Нушиќ.

Улогите ги играат : Катерина  Аневска Дранговска, Валентин Дамчевски и Борис Богдановски.

Отворање на Вевчанско лето 2023

Вчера на плоштадот Вевчани со концертите на музичката група Лурег и  дуото Викторија и Алмир се отвори Вевчанско лето 2023година.

Публиката уживаше во прекрасните изведби на голем број хитови.