Активности за уредување и поплочување на просторот наспроти Соборниот храм Св. Никола со бекатон плочки

Денес,21.02.2024 година започнаа акти вности за уредување и поплочување на просторот наспроти Соборниот храм Св. Никола со бекатон плочки, а со цел уредување на неколку паркинг места.

Започна со реконструкција (бетонирање) на дел од еден од главните канали за наводнување во урбаниот дел на Вевчани.

Денес, 20.02.2024 година, се започна со реконструкција (бетонирање) на дел од еден од главните канали за наводнување во урбаниот дел на Вевчани.
„Секојдневно сме сведоци на поплавени земјоделски површини и излевање на вода по улиците низ Вевчани поради дотраеноста на каналите за наводнување кои истовремено се користат и за одведување на атмосферски води.
Неопходна е нивна реконструкција со цел трајно подобрување на системот за наводнување и одведување на атмосферските води во Вевчани“ Истакна градоначалникот Кочовски.