ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ Контролна листа на План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА) за проектот „Реконструкција на локална улица „ТРАФО БЕБЕКОЈ – ВАРВАРА“ во Вевчани, Општина Вевчани“ во рамки на Проектот за поврзување на локални патишта
Во рамки на “Проектот за поврзување на локални патишта ” кој се реализира од страна на Единицата за имплементација на проекти при Министерството за транспорт и врски со финансиска поддршка од Светска Банка, а со цел подобрување на локалната патна инфраструктура, општина Вевчани аплицираше со проект за „Реконструкција на локална улица „ТРАФО БЕБЕКОЈ – ВАРВАРА“ во Вевчани, Општина Вевчани“.
Согласно Рамката за животна средина и социјални аспекти изготвена врз основа на барањата на Светска Банка за Проектот, беше подготвен документ “Контролна листа на План за управување со животна средина и социјални аспекти” во кој се анализирани влијанијата врз животната средина и социјалните аспекти кои ќе произлезат од планираните активности на Проектот.
Документот “Контролна листа на План за управување со животна средина и социјални аспекти” е ставен на јавен увид на 11.01.2024 година официјалните веб страници на:
• Општина Вевчани: https://vevcani.gov.mk/
• ЕИП: www.wbprojects-mtc.mk или
• МТВ: http://mtc.gov.mk/
Вашите коментари може да ги доставите во рок од 14 дена од поставување на документот на Интернет страницата.