by stojan | Јун 9, 2021
Општина Вевчани, во соработка со УНДП, преку проект финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), Ве поканува на Последователната сесија од Проектниот форум на 14.06.2021 год. (понеделник) со почеток во 13:00 часот, во ООУ „Страшо Пинџур“ – Вевчани.
За време на последователната сесија, присутните граѓани, учесниците на Форумот, претставници од институциите и почесните гости, ќе имаат можност да ги проследат постигнатите резултати од форумскиот процес во Општина Вевчани, што се спроведе во периодот од март – август 2020 година.
Во рамки на Форумот на заедницата, како алатка за граѓанско одлучување, беа предложени и разработени 4 проекти, од кои, на четвртата, гласачка сесија, учесниците одлучија буџетскиот фонд од 50.000 швајцарски франци (CHF) да го доделат на проектите за „Адаптација и пренамена на просториите на објектот Детска Градинка ЈОУДДГ ‘Планински Цвет’ – Вевчани“ и за „Реновирање на Дневниот центар за стари изнемоштени лица и пензионери“. На последователната сесија ќе биде презентирано она што е постигнато – реализацијата на проектите, како и на дел од препораките дадени од граѓаните во текот на форумскиот процес.
Ве очекуваме!
by stojan | Мар 22, 2021
Согласно член 69, член 84 и член 86 од Законот за општата управна постапка (,,Сл.весник на РМ,,бр.124/15), Градоначалникот на Општина Вевчани ја дава следната
ЈАВНА ОБЈАВА
за уредно доставување на решенија за комунална такса за
истакната фирма/назив за 2021 година
1.ЛИСТА НА ОГЛАСЕНИ РЕШЕНИЈА ЗА КОМУНАЛНА ТАКСА ЗА ИСТАКНАТА ФИРМА/НАЗИВ ЗА 2021 ГОДИНА
ГОДИНА РЕШЕНИЕ БРОЈ ОБВРЗНИК НАЗИВ МЕСТО
2021 РЕШ- 12/21-84 ЖИТО СТРУГА АД ВО СТЕЧАЈ СТРУГА
2021 РЕШ- 12/21-48 МЕДИКРОПС ДООЕЛ ВЕВЧАНИ
Се повикуваат обврзниците за комунална такса за истакната фирма/назив, да се јават во Одделението за финансиски прашања при Општина Вевчани, за да го примат решението за комунална такса за истакната фирма/назив за 2021 година , во рок од 10 дена од денот на објавувањето на оваа објава.
Списокот со недоставени решенија е објавен на огласната табла во просториите на Општина Вевчани, како и на официјалната веб страна: https://vevcani.gov.mk/
Јавната објава ќе се изврши и во службено гласило на Општина Вевчани.
Со оваа објава се предупредуваат даночните обврзници, дека ваквиот начин на доставување се смета за уредна достава и дека негативните последици кои можат да настанат/произлезат од неподигањето на решенијата, ќе ги сносат самите даночни обврзници.
Бр.12-266/2
22.03.2021 година
by stojan | Дек 8, 2020
Врз основа на член 29 од Законот за даноците на имот (“Сл. Весник на РМ”бр.61/2004,92/07,102/08,35/11,53/11,84/12,188/13,154/15,192/15,23/16), Одделението за финансиски прашања при Општина Вевчани истакнува:
ЈАВНА ПОКАНА
за поднесување на годишна даночна пријава за утврдување на данокот на имот за 2021 година
- Даночна пријава за утврдување на данок на имот за 2021 година, поднесува даночен обврзник (правно и физичко лице) за:
а) Имотот што го стекнал или почнал да го користи во текот на 2020 година, а за кој нема поднесено даночна пријава (нов даночен обврзник, дополнително стекнат имот кој подлежи на оданочување и сл.);
б) Имотот кај кој настанале промени во сопственоста (оттуѓување и сл.);
в) Имотот кај кој настанале промени во вредноста (доградба, надградба, довршување, проширување и сл.);
Даночната пријава се поднесува до Општина Вевчани – Одделение за финансиски прашања, секој работен ден од 07.30-15.30 часот најдоцна до 31 ЈАНУАРИ 2021 год.