Oбезбедени средства за реализација на уште два проекти

Во соработка со Центарот за развој на ЈУГОЗАПАДНИОТ ПАНСКИ РЕГИОН, како дел од активносите на Програмата за рамномерен регионален развој за 2022 година со индикативно планирани средства за 2023 година, обезбедени се средства за реализација на следните проекти:

– Изградба на локална улица Попој-Млака; и
– Комплетна реконструкција на кујната во детската градинка ЈОУДДГ ПЛАНИНСКИ ЦВЕТ Вевчани.
По завршување на потребните административни процедури ќе се започне со реализација на проектите.

Средба со преставници на СОС Детско село Скопје

Градоначалникот на Општина Вевчани оствари средба со преставници на СОС Детско село Скопје.
На средбата беше разговарано за проектот „Унапредување на системски недостатоци – „Поддршка на реформите во системот за заштина на деца“ како и за идните заеднички активности, подготовка за кампањата „ ПОДАЈ РАКА И ПРОМЕНИ ЖИВОТ – СТАНИ ЗГРИЖУВАЧ “.
Во Четвркот 27.10.2022 година, во паркот пред општинската зграда со почеток од 10:00 часот, ќе биде организиран настан и повик до граѓаните за пријавување на згрижувачки семејства во Општина Вевчани со претставување на бенефитите и фанасиската поддршка кои ја имаат згрижувачите од државата.

ИЗВЕСТУВАЊE за достапност на документ План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА) за „Надградба на локална улица „Шопев мост – Здравствена установа „Светозар Чочороски“, со крак 1 и 2“ во Вевчани, општина Вевчани во рамки на Проектот за поврзување на локални патишта во Р. Македонија

ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА) за „Надградба на локална улица „Шопев мост – Здравствена установа „Светозар Чочороски“, со крак 1 и 2“ во Вевчани, општина Вевчани во рамки на Проектот за поврзување на локални патишта во Р. Македонија.

 Во рамки на “Проектот за поврзување на локални патишта во РСМ” кој се реализира од страна на Единицата за имплементација на проект при Министерството за транспорт и врски со финансиска поддршка од Светска Банка, а со цел подобрување на локалната патна инфраструктура, Општина Вевчани аплицираше со проект за „Надградба на локална улица „Шопев мост – Здравствена установа „Светозар Чочороски“, со крак 1 и 2“ во Вевчани, општина Вевчани.

Согласно Рамката за животна средина и социјални аспекти изготвена врз основа на барањата на Светска Банка беше подготвен документ “План за управување со животна средина и социјални аспекти” во кој се анализирани влијанијата врз животната средина и социјалните аспекти кои ќе произлезат од планираните активности на Проектот.

Документот “План за управување со животна средина и социјални аспекти” ќе биде ставен на јавен увид на официјалните веб страници на:

Општина Вевчани https://vevcani.gov.mk/

Единица за имплементација на проект www.wbprojects-mtc.mk и на

Министерството за транспорт и врски http://www.mtc.gov.mk на 14.10.2022

Вашите коментари може да ги доставите во рок од 14 дена од поставување на документот на веб страна.

ESMP Вевчани MK

Формулар за поднесување коментари