Изложба на уметнички дела од Детската Ликовна Школа „ Вевчански видувања“

Утре, 20.07.2022  ( Среда ) во Мултикултурниот центар „ Коста Србакоски “ – Вевчани во 20 : 00 часот ќе се отвори изложбата на уметничките дела од Детската Ликовна Школа која годинава се одржа во рамките на ликовната колонија „ Вевчански видувања “ . Изложбата е дел од манифестацијата „ Вевчанско лето “   во организација на  Здружението „ Вевчани Турист Инфо “ а под покровителство на Општина Вевчани

 

 

 

Од 15 јули до 31 август во Вевчани се одржува Вевчанско лето

Од 15 јуни во Вевчани се отвори Вевчанско лето 2022, манифастација која има за цел да го збогати културното живеење во заедницата. Вевчанското лето содржи програми од областа на културата , спортот и науката се со цел да ги задоволи сите вкусови, како програма која што е наменета за сите возрасти. Вевчанското лето е под  целосно покровителство на Општина Вевчани а е во организација на здружението Вевчани Турист Инфо.

Вевчанското лето изобилува со богата соджина прилагодена за сите генерации и возрасти,
предвидени се театарски претстави, музички програми, спортски настани, научни случувања и
истата ќе се случува на повеќе локации низ Вевчани

Одржана првата информативна средба поврзана со активности за развој за одржлив туризам и промоција на Вевчани како т.н зелена дестинација

Вчера, во Мултикултурниот центар „ Коста Србакоски“ – Вевчани се одржа првата информативна средба поврзана со активностите кои ќе се одвиваат за развој на одржлив туризам и промоција на Вевчани во меѓународни рамки како т.н. зелена дестинација ( Green Destinations ).
Овој проект се спороведува во склоп на Програмата за зачувување на природата во Македонија – излезна фаза, проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (Swiss Agency for Development and Cooperation – SDC), координиран од страна на Фармахем, Скопје.
На средбата присуствуваа претставници од Општина Вевчани, Министерство за животна средина и просторно планирање, Македонско еколошко друштво од Скопје, Мастсидониа од Скопје, Локални бизниси поврзани со туризам и Фармахем како координатор на проектот.