Jугозападниот плански регион со заеднички Совет за женско претприемништво – Во Вевчани конструктивна средба на 30 општини и организации

Вчера, Општина Вевчани беше домаќин на средбата на 30-тина општини и Невладини и Граѓански организации од целиот Југозападен регион за формирање на Совет за женско претприемништво кој ќе функционира во рамки на регионот. На состанокот беа присутни претставници од Охрид, Струга, Жупа, Дебар, Дебарца, домаќинот Општина Вевчани, како и многу здруженија и организации, од кои нови осум ја потпишаа Декларацијата за женско претприемништво.

Ова е конкретен чекор за обединување на Југозападниот регион кој го поттикна Координаторката на овој регион на Националната платформа за женско претприемништво, Сузана Наумовска со што се поставија основите за работа и чекорење по нагорна линија на жените претприемачки, со стратегија за заедничко совладување на предизвиците и отварање на нови перспективи.

На состанокот присутните се договорија следната средба на Советот за женско претприемништво на Југозападниот плански регион да се одржи во Центар Жупа.

Започна партерното уредување на дворот на мултикултурниот центар „Коста Србакоски“ – Вевчани

Денес започнаа градежните работи за партерно уредување на дворот на мултикултурниот центар „Коста Србакоски“ – Вевчани.

Проектот е финансиран преку Центарот за развој на југозападниот плански регион, во рамките на Програмата за рамномерен регионален развој.

 

       

Еразмус+ проект „Здравје во комбинација со секојдневни навики“ во Вевчани

Тим од наставници и ученици од ООУ „Јосип Броз Тито“ – Струга заедно со гости, нивни колеги од Шпанија, Полска Турција и Италија беа во посета на Општина Вевчани, каде ги угости Градоначалникот на општината Спасе Кочовски. Функционирањето на општината, развојот на алтернативниот туризам, вевчанската култура и традиција, детската заштита и развојот на образованието беа теми на разговор при оваа посета

   

Вевчани на мапата на светски познатата HIGHLANDER авантура.

👉Вевчани со своите убавини и недопрената 🐻🐗🐿🦔природа полека станува топ дестинација за планински туризам. Денес градоначалникот на општина Вевчани Сашо Јанкоски заедно со ренџерската служба беше во посета на кампот во месноста Голина – (Вевчанска локва) каде планинарите од Хрватска и Словенија ќе ја поминат ноќта и утре изутрина ќе заминат према Горна Белица и Вишни.
Гостите беа воодушевени од планината Јабланица и недопрената природа и најавија дека и до година повторно ќе се вратат тука.

Отворен 11- сетиот Фестивал на народна култура „ПОБРАЖЕЊЕ„ – Вевчани

Градоначалникот на општина Вевчани Сашо Јанкоски вечерва присуствувавше на 11- сетиот Фестивал на народна култура “ПОБРАЖЕЊЕ” – Вевчани. Општина Вевчани е ден од покровителите на фестивалот и се труди секогаш  во рамките на своите можности константно да помага во развојот на културата во Општина Вевчани
Градоначалникот Јанкоски на КУД „Дримкол„ –  Вевчани им честиташе за одличната организација на фестивалот, посакувајќи им уште многу, многу вакви фестивали и уште поуспешно да го преставуваат Вевчани, како во земјава така и во странство.