Форуми во заедницата „Низ женски леќи: покревање политики и буџетски иницијативи“

Почитувани ѓраѓани на општина Вевчани,

Би сакале да ве поканиме на онлајн форум во заедницата кој Општина Вевчани во соработка со Центарот за истражување и креирање политики, Лулуди, Рурална Коалиција, Новинари за човекови права и ЕХО-Штип ќе го организира во рамки на Проектот  „Низ  женски  леќи:  покревање  на  политики  и  буџетски иницијативи,  следење на  спроведувањето  на  локалните  акциски  планови  за  родова еднаквост“.

Форумот во заедницата ќе овозможи идентификување на специфичните потреби и приоритети на граѓаните од сите групи во општина Вевчани, а со цел обезбедување услови за приоретизирање на програмите и проектите како и истовремено подобрување на структурата на програмите во општината. Под влијание на актуелната состојба со Ковид 19, форумите ќе се одржат онлајн на платформата ZOOM и тоа во 3 циклуса-односно три средби по 2 часа со истата група на граѓани:

–           I сесија 18.05.2021 14:00-16:00 Дефинирање проблеми и предизвици

–           II сесија 25.05.2021 Дефинирање на предлог решенија

–           III сесија 01.06.2021 Презентирање на резултати и следни чекори

За учество на форумот регистрирајте се на следниов линк, каде по пополнувањето на краткиот прашалник на меилот кој сте го запишале ќе ви биде испратен линк за првата сесија. На денот на сесијата со кликнување на линкот ќе бидете директно вклучени на Форумот.

Линк за регистрација:

https://us02web.zoom.us/meeting/register/tZIqcOqtpjwsE93pxBkGaTLIIfBkdGFIUclc

Со почит

Општина Вевчани во соработка со Центарот за истражување и креирање политики и проектните партнери​ 

ОПШТИНА ВЕВЧАНИ РОДОВО ЕДНАКВА ОПШТИНА

Според истражувањата  на Center for Research and Policy Making за родовата анализа спроведена во рамки на проектот „Низ женски леќи: покревање на политики и буџетски иницијативи, следење на спроведувањето на локалните акциски планови за родова еднаквост“, Општина Вевчани е лидер во родовата еднаквост во Југозападниот регион.

Општина Вевчани има постигнато најприближен родов баланс во позициите на донесувачи на одлуки, од вкупно 17 анализирани општини. Ова преставува уште еден доказ дека општина Вевчани станува модерна, родово еднаква, отчетна општина.

ЗАВРШИ ДВАЕСЕТ И ОСМАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ВЕВЧАНИ

Советниците на општина Вевчани на денешната  дваесет и осма седница, ги усвоија следните предлог одлуки:  Предлог — Одлука за усвојување на Годишен финансиски Извештај за 2020 година на општина Вевчани, Предлог — Одлука за усвојување на завршна сметка на буџет на општина Вевчани за 2020 година, Предлог — Одлука за усвојување на Годишна завршна сметка на ЈОУДДГ “Планински Цвет”  – Вевчани за 2020 година, Предлог — Одлука за усвојување на Годишен финансиски план на ЈП “Еремја” – Вевчани за 2021 година, Предлог — Одлука за давање согласност за усвојување на тримесечниот финансиски извештај на јавното претпријатие ”Еремја” – Вевчани за период од 01.10.2020 година до 31.12.2020 година, Предлог — Одлука за усвојување на Годишниот финансиски извештај за 2020 година на ЈП “Еремја” – Вевчани и Предлог — Одлуката за усвојување на Годишна завршната сметка на ЈП “Еремја” Вевчани за 2020 година.

ОПШТИНА ВЕВЧАНИ ИНТЕНЗИВНО ГО РАСЧИСТУВА СНЕГОТ

И покрај големите врнежи на снег кои ја зафатија нашата општина и кои достигнаа и повеќе од 60 сантиметри, општина Вевчани одлично се справува со расчистување на снегот. Ангажирана е целокупната оператива на ЈП”Еремја” Вевчани која работи непрекинато во три смени на расчистување на сите улици во Вевчани.  Сите улици во општината се исчистени и проодни. ЈП “Еремја” Вевчани и понатаму е на терен и во приправност.

НОВО ДЕТСКО ИГРАЛИШТЕ ВО ДВОРОТ НА ДЕТСКАТА ГРАДИНКА “ПЛАНИНСКИ ЦВЕТ” – ВЕВЧАНИ

Градоначалникот на општина Вевчани, Сашо Јанкоски денес беше во увид на одпочниување на работите за изградба на новото детско игралиште во детската градинка “Планински Цвет” – Вевчани. Ова е прва ваква  интервенција за изградба на ново игралиште и набавка на  реквизитите од самата изградба на детската градинка во седумдесетите години на минатиот век. Средствата за реализација на овој проект се обезбедени од Швајцарската агенција за развој SDC, а менаџирани од страна на УНДП и општина Вевчани.

СРЕДБА СО ДИРЕКТОРКАТА НА ФОНДАЦИЈАТА ФРИДРИХ ЕБЕРТ

Денес во просториите на Општина Вевчани, градоначалникот Сашо Јанкоски оствари работна средба со директорката на Фондацијата Фридрих Еберт (FriedrichEbert-Stiftung) за Македонија, г- ѓа Ева Елерајт и Ивана Вучкова Координатор на програмата. На средбата градоначалникот ја презентира визијата за модерна Општина Вевчани, при тоа ставајќи акцента на заштитеното подрачје “Вевчански извори”, заштита на животната средина и одржливи проекти. Од страна на Директорката на фондацијата беше ветена сесрдна помош во проектите и позасилена соработка помеѓу Општина Вевчани и фондацијата Friedrich-Ebert-Stiftung во имплементација на нови Европски проекти.