by stojan | Дек 3, 2020
Денес на ново изградената сервисна улица С4, поставивме и нови лед канделабри за подобро и поекономично осветлување. Општина Вевчани полека но сигурно го реализира проектот “Вевчани без кал”.

by stojan | Ное 30, 2020
Денес градоначалникот на општина Вевчани, Сашо Јанкоски беше на увид во асвалтирањето на улицата “Даскалој – Обиколница”. Завршена е првата фаза од овој проект. Жителите на оваа улица кои повеќе од 40 години газеа во кал од денес добија нова асфалтирана улица. Градоначалникот Јанкоски истакна дека проектот “Вевчани без кал” нема да запре тука и дека нема да сопре се додека не ја асфалтираме и последната уличка во Вевчани!

by stojan | Ное 19, 2020
Започнавме со изградба и на канализационата линија “Трафо – Бубаној – Смолејца” фаза 2. Претходно овој канализационен крак беше изграден со самопридонес на граѓаните во осумдесетите години на минатиот век. Тргнувајќи од развојните потреби Вевчани да ги достигне европските стандарди на живеење, општина Вевчани ја гради оваа нова канализациона линија, при тоа зголемувајќи го развојно профилот на канализационата линија од ф110 мм на ф250 мм.

Реализацијата на овој проект е предуслов за реализација и на проектот кој ќе се реализаира понатака, а тоа е реконструкција и на улицата “Трафо – Бубаној – Смолејца”.
Со овој капитален проект, овој дел од населбата Вевчани ќе добие канализациона линија по сите норми и прописи.

Вкупната сума за реализација на оваа фаза е 1.750.000 денари, од кои 1.500.000 се средства обезбедени преку Бирото за рамномерен регионален развој, а остатокот се сопствени средства на Општина Вевчани.
by stojan | Ное 15, 2020
Денес се одржа итен онлајн состанок на Општинскиот кризен штаб Вевчани посветен на актуелната состојба со ковид пандемијата во општината. Со оглед на се поголемиот број инфицирани граѓани со вирусот Ковид 19 на територијата на општина Вевчани, Општинскиот кризен штаб ги донесе следните неколку заклучоци во вид на препораки:


Се апелира до угостителските објекти на територијата на Општина Вевчани во период од една недела доброволно да ги затворат угостителските објекти, или доколку не се во можност истото да го сторат, најстрого да ги применуваат препораките за дистанца, носење маска, дезинфекција и максимум дозволен број гости во своите локали.


Се апелира до маркетите и продавниците на територија на општина Вевчани најстрого да ги применуваат мерките за максимален дозволен број на купувачи кои можат во исто време да се во објектот. Обавезно дезинфицирање на влез во објектот, задолжително носење заштитна маска.


Се апелира до граѓаните на општина Вевчани без нужна потреба да не ги напуштаат своите домови, да не практикуваат славење на куќни слави, свадби, веридби, родендени и слични групирања во овој период се до смирување на пандемијата. Граѓаните максимално совесно да ги применуваат мерките за заштита.


Бараме од полицијата и инспекциските служби поревносно да ги спроведува законските мерки во однос на носење на заштитни маски, групирање и држење на социјалната дистанца.


Посебен акцент да се стави на проверка на луѓето кои се во изолација или се ковид позитивни, а не се придржуваат до истата. Бараме истите најстрого да се санкционираат.
by stojan | Ное 11, 2020
Почитувани,
Ве известувме дека на ден 12.11.2020 година (четврток), ЈП „Еремја“ Вевчани ќе врши дезинфекција на улиците, шеталиштата, урбаната опрема, контејнерите и корпите за отпадоци на подрачјето на Општина Вевчани. Дезинфекцијата ќе започне во 20:00 часот, почнувајќи од Здравствен дом – Вевчани, потоа основното училиште, детската градинка, центарот на Вевчани и улиците.
За таа цел апелираме до граѓаните на општина Вевчани да ги тргнат своите возила од јавните површини или да ги паркираат во игралиштето во центарот на Вевчани.
Ви благодариме за соработката
Општина Вевчани