ПО ПОЛОВИНА ВЕК ИЗГРАДЕН МОСТ НА ВЕВЧАНСКА РЕКА – МАТИЦА

Денес после увидот во работите на изградбата на обиколницата “Вевчани Југ”, како и на мостот на Вевчанска река градоначалникот Сашо Јанкоски истакна: ” Ова е голем успех за нас, после половина век се изгради мост на Вевчанска река – Матица и се доби многу добар регионален пат кој нема да им служи само на вевчанци туку на целиот овој регион. И во екот на пандемијата со ковид 19 градежната офанзива во Вевчани не запира се додека не го завршиме она што сме ви го ветиле”

ЗАВРШЕНА НОВАТА ФАСАДАТА НА ОПШТИНА ВЕВЧАНИ

Градежната офанзива во Вевчани не запира. Завршена е реконструкцијата на фасадата на зградата на Општина Вевчани. Општина Вевчани доби модерна, термоенергетска фасада со урбан лик како што доликува на една модерна урбана населба. Ова е објавата од ФБ страната на градоначалникот на Општина Вевчани, Сашо Јанкоски.

Нека ни е честит и вековит националниот празник 11-ти Октомври, Денот на востанието на македонскиот народ

По повод 11-ти Октомври, Денот на востанието на македонскиот народ, градоначалникот на општина Вевчани Сашо Јанкоски, упати честитка до граѓаните,
„Изминаа 79 години од историскиот ден кога започна антифашистичката борба во Македонија. Ден кога македонскиот народ повторно како многупати во историјата си ја зема судбината во свои раце влегувајќи во нерамноправна битка со далеку помоќниот фашистички окупатор, ставајќи се рамо до рамо со целиот слободарски свет на страна на антифашистичката коалиција. Денес на 11-ти Октомври, Македонија го слави државниот празник Денот на востанието, симбол на македонската вековна борба за слобода.
Денес сите заедно, сплотени, да им ја оддадеме заслужената почит и благодарност на сите храбри борци и учесници во народно-ослободителното востание кои со својата борба и положени животи се вградиле во темелите на македонската државност, остварувајќи ја повеќевековната идеа на македонскиот народ за основање своја самостојна држава. Славејќи ја сопствената историја и чувајќи ја слободата, ние современите генерации македонци, ова наше востание го ставаме на пиедесталот на македонскиот народ во креирањето на вистинската приказна за слободна, самостојна, независна и суверена Македонија.
Нека ни е честит и вековит националниот празник 11-ти Октомври, Денот на востанието на македонскиот народ.“

АСВАЛТИРАНА ПРВАТА ФАЗА ОД СЕРВИСНА УЛИЦА С4

Градоначалникот Јанкоски денес беше на увид во асфалтирањето на Сервисната улица С4 во Вевчани. Оваа улица се до денес беше во кал. Ова е дел од проектот кој општина Вевчани го реализира како “Вевчани без кал”. Средствата за изградба на оваа улица се обезбедени преку АФПЗРР.

Детска недела – се грижиме за најмалите во општина Вевчани

По повод одбележувањето на Детската недела, градоначалникот на општина Вевчани, Сашо Јанкоски, симболично донираше дидактички материјал, играчки и мини реквизити за ЈОУДДГ „Планински Цвет“ – Вевчани. Општина Вевчани продолжува со грижата за најмалите и ги подобрува условите за престој на децата кои се згрижени во детската градинка.

Во насока на обезбедување подобри услови за престој на децата во детската градинка, по потпишувањето на договорот помеѓу УНДП и Општина Вевчани на 17.09.2020 година, општината ги прави последните подготовки за распишување на јавна набавка за реализирање на подпроектот „ Адаптација и пренамена на просториите на објектот детска градинка ЈОУДДГ „Планински Цвет“ – Вевчани“ кој заедно со подпроектот за „Реновирање на Дневниот центар за стари лица и пензионери“ се дел од проектот „Зајакнување на општинските совети„ спроведуван од Програмата за развоја на обединетите нации – UNDP, а финансиран од Швајцарска агенција за развој и соработка – SDC, во вкупна вредност од 2.700.000,00 денари. Во рамките на проектот „Зајакнување на општинските совети“ обезбедени се средства во висина од 62.000 CHF од кои 50.000 CHF за реализација на проекти избрани преку успешно спроведените Форуми во заедницата на кои се избраа погоренаведените проекти и 12.000 CHF за подобрување на транспарентноста и отчетноста во работењето на Советот на општина Вевчани, со кои средства ќе биде набавена аудио и видео опрема за пренос на седниците на советот во живо.

Во исто време дел од членовите на Советот на општина Вевчани активно придонесуваат во реализацијата на овој проект со нивното учество на обуките за советници кои се задолжителен дел од проектот и заедно со општина Вевчани овозможуваат успешно да се реализира проектот „Зајакнување на општинските совети“ кој опфаќа три компоненти: 1.Имплементација на Програмата за развој на капацитетите на општинските советници (транспарентност и отчетност) 2. Имплементација на проектот преку финансиска поддршка за приоритетните активности на општините селектирани врз основа на јавни консултации (форуми во заедницата) 3. Имплементација на активности за вмрежување на општинските советници (обуки за советниците).

Ќе се одржуваат Фокус групи со собирачите на диви растенија и главните чинители во туризмот

Почитувани сограѓани, 
 
Во рамки на Програмата за зачувување на природата во Северна Македонија – фаза 2, проект 
на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), координина од Фармахем од Скопје, со 
главен стратешки партнер Министерството за животна средина и просторно планирање, се 
спроведува активност за проценка и картирање на природните вредности кои ги нуди 
заштитеното подрачје „Вевчански Извори“. Активноста се спроведува од страна на Македонско 
еколошко друштво, а во соработка со Општина Вевчани. Како дел од активноста е планирано 
да се организираат две фокус групи со собирачите на диви растенија и главните локални 
чинители од туристичкиот сектор. Првата фокус група со собирачите на диви растенија 
(боровинка, кантарион и мајчина душица) ќе се одржи на 14ти октомври со почеток во 12 часот 
во Пензионерскиот дом во центарот на Вевчани.  
Втората фокус група со локалните чинители од туристичкиот сектор (ресторани, сувенирници, 
хостел, издавачи на соби) ќе се одржи на 15ти октомври со почеток во 12 часот во 
Пензионерскиот дом во центарот на Вевчани. 
Дневен ред 
12:00 Отворање на настанот 
12:20 Спроведување (дискусија) на фокус група 
14:00 Заклучоци, крај на фокус групата и коктел