by stojan | Авг 11, 2020
Се известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Вевчани дека на ден 13.08.2020 година (четврток), екипите на Центарот за јавно здравје Охрид, ќе спроведат теристичка (од земја) дезинсекција за уништување на комарците. Запрашувањето ќе се врши во периодот од 19:00 до 04:00 часот.

by stojan | Авг 10, 2020
Општина Вевчани, во соработка со УНДП, преку проект финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), Ве поканува на Проектен форум.
Третата сесија од Проектниот форум ќе се одржи во среда, 12.08.2020 година, со почеток во 14:30 часот, во ООУ „Страшо Пинџур“ – Вевчани.
Целта на форумот е зголемување на учеството на граѓаните во процесот на донесување на одлуки на локално ниво. Форумот е алатка за учество на граѓаните во подготовка и избор на приоритетни проекти.
Присутните граѓани на форумот ќе имаат можност да предлагаат и да изберат приоритетни проекти за општината, кои ќе се финансираат од проектниот фонд во износ од 50.000 швајцарски франци (CHF).

Забелешка: Во услови на ризик од Ковид-19 пандемијата, организаторите ќе превземат мерки за заштита за време на форумската сесија, но апелираме и до учесниците:
- Да одржуваат безбедна дистанца;
- Да носат заштитна маска цело време (покриени се носот и устата);
- Да не учествуваат на сесијата во колку имаат висока температура или други симптоми карактеристични за Ковид-19.
„ЗАШТИТИ СЕ! – ДИСТАНЦА, МАСКА, ДЕЗИНФЕКЦИЈА. ЗА ЗДРАВЈЕТО СЕ РАБОТИ“
Дневен ред за трета форумска сесија
by stojan | Авг 10, 2020
На 07.08.2020 година, во просториите на ООУ „Страшо Пинџур“ Вевчани, се одржа Втората форумска сесија во општина Вевчани, за идентификација и утврдување на предлог концепти и спроведување на предлог проект како дел од отворената грантова шема од проектот „Зајакнување на општинските совети“ финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка, а спроведувана од УНДП во партнерство со Министерството за локална самоуправа, Министерството зa финансии, Заедницата на единиците на локалната самоуправа, Здружение на финансиски работници и UN Women. При организирањето на форумската сесија беше спроведуван Протокол на мерки на безбедност за одржување на форумски сесии во услови на ризик од Ковид-19. Согласно протоколот, запазени беа сите здравствени протоколи, односно мерење температура при влез во просторијата, физичка дистанца, носење заштитни маски, користење средства за дезинфекција.
Учесниците на денешната сесија презентираа 5 проектни идеи, кои беа утврдени на првата форумска сесија. Предлог концептите се однесуваа на „Aдаптација и пренамена на просториите на објектот Детска Градинка ЈОУДДГ ‘Планински Цвет’ – Вевчани“,„Нагледни средства за децата од ООУ ‘Страшо Пинџур’“,„Пристапни патеки во училиштето“, „Реновирање на Дневниот центар за стари изнемоштени лица и пензионери“, „Селектирај и допринеси за заедницата – поставување на канти за отпад“. Дополнително на форумската сесија беше предложен и предлог концепт кој се однесуваше на набавка на материјали и средства за работа за справување со пандемијата Ковид 19.
Присутните граѓани со своите активности поврзани со форумот ќе овозможат да се имплементира проект поддржан од граѓанскиот сектор во износ до 2,7 милиони денари, односно 50 илјади швајцарски франци.
Третата форумска сесија ќе се одржи на 12.08.2020 година во просториите на ООУ „Страшо Пинџур“ Вевчани.
by stojan | Авг 7, 2020
Денес од страна на Општина Вевчани и докторантот на Универзитетот во Мичиген, наш познат бизнисмен во САД и автор на Крипто Личникот господинот Јордан Стојановски, лансирана е првата крипто валута на Република Вевчани – Крипто Личникот. Вкупната количина на Крипто Личници што се планира да се емитува e 100 милиони, но тие се издаваат најрано во текот на првите 12 години по лансирањето. При самото лансирање се издаваат 20 милиони од кои 10 одат кај авторот за користење на сопствена промоција, а 10 милиони Општина Вевчани може да ги издаде одма за било која цел. Останатите 80 милиони Крипто Личници се генерираат равномерно во следните 12 години.
Како први добитници на Крипто Личници за несебичниот ангажман во враќање на Општина Вевчани како и понатамошно нејзино промовирање се доделуваат на следните лица:
- Васил Ј.Радиноски
- Косто Србакоски
- Симун Лешоски
- др. Благоја Парталоски
- Секула Баткоски
Да живее Вевчани и духот вевчански!
Да не чува личникот!
За многу години!
by stojan | Јул 31, 2020
Општина Вевчани, во соработка со УНДП, преку проект финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), Ве поканува на Проектен форум.
Втората сесија од Проектниот форум ќе се одржи во петок, 07.08.2020 год., со почеток во 14:30 часот, во ООУ „Страшо Пинџур“ – Вевчани.
Целта на форумот е зголемување на учеството на граѓаните во процесот на донесување на одлуки на локално ниво. Форумот е алатка за учество на граѓаните во подготовка и избор на приоритетни проекти.
Присутните граѓани на форумот ќе имаат можност да предлагаат и да изберат приоритетни проекти за општината, кои ќе се финансираат од проектниот фонд во износ од 50.000 швајцарски франци (CHF).
Забелешка: Во услови на ризик од Ковид-19 пандемијата, организаторите ќе превземат мерки за заштита за време на форумската сесија, но апелираме и до учесниците:
- Да одржуваат безбедна дистанца;
- Да носат заштитна маска цело време (покриени се носот и устата);
- Да не учествуваат на сесијата доколку имаат висока температура или други симптоми карактеристични за Ковид-19.
„ЗАШТИТИ СЕ! – ДИСТАНЦА, МАСКА, ДЕЗИНФЕКЦИЈА. ЗА ЗДРАВЈЕТО СЕ РАБОТИ“
by stojan | Јул 8, 2020
Се известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Вевчани дека на ден 10.07.2020 година (петок), екипите на Центарот за јавно здравје Охрид, ќе спроведат теристичка (од земја) дезинсекција за уништување на комарците. Запрашувањето ќе се врши во периодот од 19:00 до 04:00 часот.