Обезбедени средстава за реконструкција на канализациона линија Трафо-Бубаној- Смолејца

Обезбедивме средства за реконструкција на преостанатиот дел од канализационата линија Трафо-Бубаној-Смолејца. Со реконструкцијата на канализационата линија ќе се создадат услови и за завршно асфалтирање на локалната улица која е една од најфреквентните и најприоритени улици за реконструкција.

Вевчански карневал 2023

На 12-ти Венко Серафимовски (Конкорд) и проектот П’рпл Цепелин (Deep Purple and Led Zeppelin трибјут) ќе не движат и развеселат низ музичко патување од младоста, додека на 13-ти за прв пат на Вевчанскиот карневал ни гостува бенд од Грција, Егејска Македонија, Банда Ен Топика кои многу вешто го свират нашето народно македонско и балканско музичко богатсво испреплетено со џез стандарди.

Вевчански карневал 2023

Пишани извори сведочат дека карневалот е стар најмалку 1.460 години, но постојат археолошки наоди кои упатуваат на податоци дека карневалот постои барем 2200 години.

 

Вевчански карневал 2023

Низ вековите и милениумите, традицијата и традиционалните маски останале да се практикуваат. Некои антрополози сметаат дека во “преставата” всушност се покажуваат зетот и невестата како почеток на годината, ѓаволите го претставуваат злото, додека глупи август доброто. На крајот секогаш победува доброто

Вевчански карневал 2023

Вевчански карневал – најпознатиот бренд на Македонија традиционално на 12-ти, 13-ти и 14 Јануари
Нема потреба од премногу објаснување и асоцијации, штом се спомене Вевчани, веројатно веднаш на сите им асоцира на ВЕВЧАНСКИОТ КАРНЕВАЛ, кој традиционално се организира пред Василица.
Така е со векови, а можеби и со милениуми, една од најстарите традиции на Македонија и  Вевчани која се претпоставува дека има континуитет најмалку 1500 години.
Пишани извори сведочат дека карневалот е стар најмалку 1.460 години, но постојат археолошки наоди кои упатуваат на податоци дека карневалот постои барем 2200 години. Денес карневалот е интересно и необично преплетување на пагански со христијански обичаи. Традиционално, учесниците се обидуваат да избегнат воведување на современи карневалски елементи, но веќе години наназад има и богата музичка програма.
На 12-ти Јануари веќе традиционално се организира програма од забавна музика, на 13-ти од народна музика и сето тоа испреплетено со традиционалното дефиле на маски, кое завршува со палење на маските на 14-ти Јануари.

Подготовките за Вевчанскиот карневал се веќе започнати, а од Општина Вевчани најавуваат прекрасно издание со одлична програма која ќе ги задоволи вкусовите на сите посетители и учесници.