ПО ПОЛОВИНА ВЕК ИЗГРАДЕН МОСТ НА ВЕВЧАНСКА РЕКА – МАТИЦА

Денес после увидот во работите на изградбата на обиколницата “Вевчани Југ”, како и на мостот на Вевчанска река градоначалникот Сашо Јанкоски истакна: ” Ова е голем успех за нас, после половина век се изгради мост на Вевчанска река – Матица и се доби многу добар регионален пат кој нема да им служи само на вевчанци туку на целиот овој регион. И во екот на пандемијата со ковид 19 градежната офанзива во Вевчани не запира се додека не го завршиме она што сме ви го ветиле”

Вицепремиерката – Радмила Шекеринска во посета на општина Вевчани

Денес, во посета на Вевчани беше Министерката за одбрана и Вицепремиерка – Радмила Шекеринска.

Во склоп на оваа работна посета градоначалникот Сашо Јанкоски и вицепремиерката Радмила Шекеринска, извршија  увид во изградените објекти, како и проектите кои се во завршна фаза од изградбата.
Вицепремиерката беше воодушевена од преубавата природа како и од новата планинарска куќа финансирата од ГИЗ и реализирана од планинарското друштво “Церн Камен 2257” – Вевчани преку проектот “Реконструкција и опремување на планинарската куќа во модерен планинарски дом”- Јанков Камен. Овој планинарски дом ќе можат да го користат сите љубители на природата.

Во рамките на посетата беше извршена и еколошка акција со помош на младината.

Со градоначалникот Сашо Јанкоски ја посетија и пречистителната станица за отпадни води во Вевчани, која е во завршна фаза и со која инвестиција го решаваме долгогодишниот проблем со загадување на огромната земјоделска површина во овој регион. Реализацијата на проектот ќе придонесе кон подобрување на имиџот на општина Вевчани како еколошки чиста дестинација, а ќе претставува и позитивен пример за рурална општина која во целост го решила проблемот со изградба на канализационен систем, третман и прочистување на отпадните води. Проектот се спроведува преку УНДП и е финансиран преку ЕУ. Неговата вредност е околу 17 милиони денари.

Извршија увид и на градежните активности на Обиколницата на регионалниот пат Југ-Вевчани чија изградба е во тек и се очекува да заврши многу брзо. Вицепремиерката истакна дека како централна власт се насочени кон решавање на инфраструктурните проблеми на населението. Со изградбата на овој крак на регионален пат ќе се разреши долгогодишниот проблем на поврзаност со Здравствениот дом на жителите од Вевчани, Велешта и Лабуништа. Досега приодот до здравствениот објект се одвиваше по заобиколен и многу подолг пат со што беше отежнато давањето на здравствени услуги.

Поплочување на улицата „Стванци 2“

Градежните активности во Вевчани продолжуваат и во моментов се врши поплочување на уличката „Стванци 2“. Средствата се обезбедени преку Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој во рамките на проектот во кој се вклучени и улиците „Даскалој – Обиколница“, „Алулој – Гогој“ и „ Сервисна С4 – фаза 1“.

Започна изградбата на мост на Вевчанска река

Денес започнаа градежните активности за изградба на мостот на Вевчанска река кој е дел од Обиколницата југ. Мостот кој се гради е во рамките на Обиколницата југ и е крак на регионалниот пат. Средствата за доизградба на овој крак на регионалниот пат Обиколница југ се обезбедени преку Агенцијата за државни патишта (ЈПДП). Општина Вевчани посветено работи на подобрување на условите за живот на граѓаните.