Во просториите на Општина Вевчани во насока на справување со состојбата настаната со Корона вирусот се одржа состанок на Општинскиот кризен штаб на општина Вевчани, на кој беа донесени заклучоци кои ги пренесуваме во продолжение:

 Заклучоци од одржан состанок на Кризниот штаб на Општина Вевчани

На одржаниот состанок на Кризниот штаб на Општина Вевчани за превенција и справување со Корона вирусот Ковид 19, во согласност со  мерките и препораките на Владата на Република Северна Македонија за ограничено движење, беа донесени следните заклучоци:

  • Се упатува известување до сите маркети и економски оператори на територијата на Општина Вевчани кои се регистрирани за он-лајн продажба, дека ќе може да вршат достава на намирници за итни и неодложни потреби за време на Полицискиот час во текот на викендот. Истите задолжително мора да испратат барање до Кризниот штаб на Општина Вевчани на следната електронска адреса [email protected]. Ќе биде дозволено движење на максимум 5 вработени лица (доставувачи) од маркет, кои треба да имаат соодветна заштитна опрема.
  • Се известувааат маркетите и економските опрератори кои ќе достават барање за дозвола за работа за време на полициски час да достават и свој контакт преку кој граѓаните ќе можат да вршат нарачки а истиот ќе биде објавен на веб страната на општина Вевчани vevcani.gov.mk .
  • Се упатува известување до сите Аптеки на територијата на општина Вевчани кои ќе работат за време на полицискиот час за време на викендот, задолжително да ги испратат потребните податоци на електронска адреса [email protected] .Ова е потребно за навремена координација со мобилните тимови на Општина Вевчани.

Во продолжение на оваа објава граѓаните може да ги преземат обрасците за Барање дозвола за движење за време на полициски час и Барање дозвола за работа за време на полициски час како и образец за Дозвола за движење на вработен поради вршење на сменска и ноќна работа.

Овие обрасци преку Општинскиот кризен штаб се доставуваат до МВР (надлежен за издавање на дозволите).

Дополнително, се известуваат граѓаните на општина Вевчани дека авто-превозникот „Сприја“ – Вевчани ќе врши превоз на патници почнувајќи од 06:30 часот (Вевчани – Струга) до 15:00 часот (Струга – Вевчани) од понеделник до петок. Сабота и недела нема да врши превоз согласно уредбата на Владата.

Барање дозвола за движење во полициски час

Барање дозвола за работа во полициски час

Дозвола за движење на вработен поради вршење на сменска и ноќна работа