ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА) за „Надградба на локална улица „Шопев мост – Здравствена установа „Светозар Чочороски“, со крак 1 и 2“ во Вевчани, општина Вевчани во рамки на Проектот за поврзување на локални патишта во Р. Македонија.
Во рамки на “Проектот за поврзување на локални патишта во РСМ” кој се реализира од страна на Единицата за имплементација на проект при Министерството за транспорт и врски со финансиска поддршка од Светска Банка, а со цел подобрување на локалната патна инфраструктура, Општина Вевчани аплицираше со проект за „Надградба на локална улица „Шопев мост – Здравствена установа „Светозар Чочороски“, со крак 1 и 2“ во Вевчани, општина Вевчани.
Согласно Рамката за животна средина и социјални аспекти изготвена врз основа на барањата на Светска Банка беше подготвен документ “План за управување со животна средина и социјални аспекти” во кој се анализирани влијанијата врз животната средина и социјалните аспекти кои ќе произлезат од планираните активности на Проектот.
Документот “План за управување со животна средина и социјални аспекти” ќе биде ставен на јавен увид на официјалните веб страници на:
Општина Вевчани https://vevcani.gov.mk/
Единица за имплементација на проект www.wbprojects-mtc.mk и на
Министерството за транспорт и врски http://www.mtc.gov.mk на 14.10.2022
Вашите коментари може да ги доставите во рок од 14 дена од поставување на документот на веб страна.
Формулар за поднесување коментари