Се одржа 5-тата сесија од Форумите на заедницата во Вевчани

Во просториите на ООУ „Страшо Пинџур“ Вевчани на 14.06.2021 година, се одржа последователната 5та сесија од Форумите во заедницата во Вевчани, на која беше презентирано она што е постигнато – реализацијата на проектите, како и статусот на дел од препораките дадени од граѓаните во текот на форумскиот процес, кој се спроведе во периодот од март – август 2020 година и постигнатите резултати од рализираните проекти кои завршија во април 2021.

Во текот на 2020-2021 година и покрај предизвиците кои ги наметна пандемијата Ковид19, успешно се спроведе Проектот „Зајакнување на општинските совети“ кој е финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка а имплементиран од УНДП во партнерство со Министерството за локална самоуправа, Министерството зa финансии, Заедницата на единиците на локалната самоуправа, Здружение на финансиски работници и UN Women.

Во рамки на првиот успешно спроведен Форум на заедницата во општина Вевчани, како значајна алатка за граѓанско одлучување, на првите три форумски сесии беа предложени и разработени 4 проекти, од кои, на четвртата, гласачка сесија, учесниците одлучија буџетскиот фонд од 50.000 швајцарски франци (CHF) да го доделат на проектите за „Адаптација и пренамена на просториите на објектот Детска Градинка ЈОУДДГ ‘Планински Цвет’ – Вевчани“ – 2.400.000 ден, и за „Реновирање на Дневниот центар за стари изнемоштени лица и пензионери“ околу 263.000 ден.

Проект Адаптација и пренамена на просториите на објектот Детска Градинка ЈОУДДГ ‘Планински Цвет’ – Вевчани“ :

Проект „Реновирање на Дневниот центар за стари изнемоштени лица и пензионери“:

Последователна сесија од проектниот форум во општина Вевчани

Општина Вевчани, во соработка со УНДП, преку проект финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), Ве поканува на Последователната сесија од Проектниот форум на 14.06.2021 год. (понеделник) со почеток во 13:00 часот, во ООУ „Страшо Пинџур“ – Вевчани.

За време на последователната сесија, присутните граѓани, учесниците на Форумот, претставници од институциите и почесните гости, ќе имаат можност да ги проследат постигнатите резултати од форумскиот процес во Општина Вевчани, што се спроведе во периодот од март – август 2020 година.

Во рамки на Форумот на заедницата, како алатка за граѓанско одлучување, беа предложени и разработени 4 проекти, од кои, на четвртата, гласачка сесија, учесниците одлучија буџетскиот фонд од 50.000 швајцарски франци (CHF) да го доделат на проектите за „Адаптација и пренамена на просториите на објектот Детска Градинка ЈОУДДГ ‘Планински Цвет’ – Вевчани“ и за „Реновирање на Дневниот центар за стари изнемоштени лица и пензионери“. На последователната сесија ќе биде презентирано она што е постигнато – реализацијата на проектите, како и на дел од препораките дадени од граѓаните во текот на форумскиот процес.

Ве очекуваме!

Трета форумска сесија „Низ женски леќи: покревање политики и буџетски иницијативи“

Денес, се одржа третата сесија од Форумите во заедницата во рамки на проектот „Низ женски леќи: покревање на политики и буџетски иницијативи, следење на спроведувањето на локалните акциски планови за родова еднаквост“.

На првите сесии беа идентификувани проблеми и предложени решенија за истите, резултатите од спроведените форумски сесии по обработката ќе бидат јавно презентирани. Секој заинтересиран граѓанин на општина Вевчани, може да даде свој придонес преку пополнување на „Форма за приоритизација на предлог решенијата – Вевчани“, до која може да пристапите на следниот линк:

https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLScdYbJVTvLflJeiuyhdCHJLBa4HHRRWWp_28vjbHJQ030F9qQ/viewform

Целта е преку форумите во заедницата да се овозможи вклучување на граѓаните, посебно на целните групи кои се главен фокус на проектот со цел обезбедување услови за приоретизирање на програмите и проектите како и истовремено подобрување на структурата на програмите во општините во кои се спроведува проектот. Како најсоодветна програма беше избран Буџетскиот форум.

Под влијание на актуелната состојба со Ковид 19, форумите се одржаа онлајн преку ZOOM платформата, и тоа во 3 циклуса-односно три средби по 2 часа.

 

 

Форуми во заедницата „Низ женски леќи: покревање политики и буџетски иницијативи“

Почитувани ѓраѓани на општина Вевчани,

Би сакале да ве поканиме на онлајн форум во заедницата кој Општина Вевчани во соработка со Центарот за истражување и креирање политики, Лулуди, Рурална Коалиција, Новинари за човекови права и ЕХО-Штип ќе го организира во рамки на Проектот  „Низ  женски  леќи:  покревање  на  политики  и  буџетски иницијативи,  следење на  спроведувањето  на  локалните  акциски  планови  за  родова еднаквост“.

Форумот во заедницата ќе овозможи идентификување на специфичните потреби и приоритети на граѓаните од сите групи во општина Вевчани, а со цел обезбедување услови за приоретизирање на програмите и проектите како и истовремено подобрување на структурата на програмите во општината. Под влијание на актуелната состојба со Ковид 19, форумите ќе се одржат онлајн на платформата ZOOM и тоа во 3 циклуса-односно три средби по 2 часа со истата група на граѓани:

–           I сесија 18.05.2021 14:00-16:00 Дефинирање проблеми и предизвици

–           II сесија 25.05.2021 Дефинирање на предлог решенија

–           III сесија 01.06.2021 Презентирање на резултати и следни чекори

За учество на форумот регистрирајте се на следниов линк, каде по пополнувањето на краткиот прашалник на меилот кој сте го запишале ќе ви биде испратен линк за првата сесија. На денот на сесијата со кликнување на линкот ќе бидете директно вклучени на Форумот.

Линк за регистрација:

https://us02web.zoom.us/meeting/register/tZIqcOqtpjwsE93pxBkGaTLIIfBkdGFIUclc

Со почит

Општина Вевчани во соработка со Центарот за истражување и креирање политики и проектните партнери​ 

ЈАВНА  ОБЈАВА за уредно доставување на решенија за комунална такса за истакната фирма/назив за 2021 година

Согласно член 69, член 84 и член 86 од Законот за општата управна постапка (,,Сл.весник на РМ,,бр.124/15), Градоначалникот на Општина Вевчани ја дава следната

ЈАВНА  ОБЈАВА

за уредно доставување на решенија за комунална такса за

истакната фирма/назив за 2021 година

1.ЛИСТА НА ОГЛАСЕНИ РЕШЕНИЈА ЗА КОМУНАЛНА ТАКСА ЗА ИСТАКНАТА ФИРМА/НАЗИВ ЗА  2021 ГОДИНА

ГОДИНА  РЕШЕНИЕ  БРОЈ     ОБВРЗНИК    НАЗИВ     МЕСТО

2021  РЕШ- 12/21-84  ЖИТО СТРУГА  АД  ВО  СТЕЧАЈ  СТРУГА

2021  РЕШ- 12/21-48  МЕДИКРОПС ДООЕЛ   ВЕВЧАНИ

Се повикуваат обврзниците за комунална такса за истакната фирма/назив, да се јават во Одделението за финансиски прашања  при Општина Вевчани, за да го примат решението за  комунална такса за истакната фирма/назив за  2021 година , во рок од 10 дена од денот на објавувањето на оваа објава.

Списокот со недоставени решенија е објавен на огласната табла во просториите на Општина Вевчани, како и на официјалната веб страна: https://vevcani.gov.mk/

Јавната објава ќе се изврши и во службено гласило на Општина Вевчани.

Со оваа објава се предупредуваат  даночните обврзници, дека ваквиот начин на доставување се смета за уредна достава и дека негативните последици кои можат да настанат/произлезат од неподигањето на решенијата, ќе ги сносат самите даночни обврзници.

Бр.12-266/2

22.03.2021 година