Известување за дезинфекција на подрачјето на општина Вевчани

Почитувани,

Ве известувме дека на ден 12.11.2020 година (четврток), ЈП „Еремја“ Вевчани ќе врши дезинфекција на улиците, шеталиштата, урбаната опрема, контејнерите и корпите за отпадоци на подрачјето на Општина Вевчани. Дезинфекцијата ќе започне во 20:00 часот, почнувајќи од Здравствен дом – Вевчани, потоа основното училиште, детската градинка, центарот на Вевчани и улиците.

За таа цел апелираме до граѓаните на општина Вевчани да ги тргнат своите возила од јавните површини или да ги паркираат во игралиштето во центарот на Вевчани.

Ви благодариме за соработката

Општина Вевчани

ПО ПОЛОВИНА ВЕК ИЗГРАДЕН МОСТ НА ВЕВЧАНСКА РЕКА – МАТИЦА

Денес после увидот во работите на изградбата на обиколницата “Вевчани Југ”, како и на мостот на Вевчанска река градоначалникот Сашо Јанкоски истакна: ” Ова е голем успех за нас, после половина век се изгради мост на Вевчанска река – Матица и се доби многу добар регионален пат кој нема да им служи само на вевчанци туку на целиот овој регион. И во екот на пандемијата со ковид 19 градежната офанзива во Вевчани не запира се додека не го завршиме она што сме ви го ветиле”

ЗАВРШЕНА НОВАТА ФАСАДАТА НА ОПШТИНА ВЕВЧАНИ

Градежната офанзива во Вевчани не запира. Завршена е реконструкцијата на фасадата на зградата на Општина Вевчани. Општина Вевчани доби модерна, термоенергетска фасада со урбан лик како што доликува на една модерна урбана населба. Ова е објавата од ФБ страната на градоначалникот на Општина Вевчани, Сашо Јанкоски.

Нека ни е честит и вековит националниот празник 11-ти Октомври, Денот на востанието на македонскиот народ

По повод 11-ти Октомври, Денот на востанието на македонскиот народ, градоначалникот на општина Вевчани Сашо Јанкоски, упати честитка до граѓаните,
„Изминаа 79 години од историскиот ден кога започна антифашистичката борба во Македонија. Ден кога македонскиот народ повторно како многупати во историјата си ја зема судбината во свои раце влегувајќи во нерамноправна битка со далеку помоќниот фашистички окупатор, ставајќи се рамо до рамо со целиот слободарски свет на страна на антифашистичката коалиција. Денес на 11-ти Октомври, Македонија го слави државниот празник Денот на востанието, симбол на македонската вековна борба за слобода.
Денес сите заедно, сплотени, да им ја оддадеме заслужената почит и благодарност на сите храбри борци и учесници во народно-ослободителното востание кои со својата борба и положени животи се вградиле во темелите на македонската државност, остварувајќи ја повеќевековната идеа на македонскиот народ за основање своја самостојна држава. Славејќи ја сопствената историја и чувајќи ја слободата, ние современите генерации македонци, ова наше востание го ставаме на пиедесталот на македонскиот народ во креирањето на вистинската приказна за слободна, самостојна, независна и суверена Македонија.
Нека ни е честит и вековит националниот празник 11-ти Октомври, Денот на востанието на македонскиот народ.“

АСВАЛТИРАНА ПРВАТА ФАЗА ОД СЕРВИСНА УЛИЦА С4

Градоначалникот Јанкоски денес беше на увид во асфалтирањето на Сервисната улица С4 во Вевчани. Оваа улица се до денес беше во кал. Ова е дел од проектот кој општина Вевчани го реализира како “Вевчани без кал”. Средствата за изградба на оваа улица се обезбедени преку АФПЗРР.