by Општина Вевчани | Окт 8, 2020
По повод одбележувањето на Детската недела, градоначалникот на општина Вевчани, Сашо Јанкоски, симболично донираше дидактички материјал, играчки и мини реквизити за ЈОУДДГ „Планински Цвет“ – Вевчани. Општина Вевчани продолжува со грижата за најмалите и ги подобрува условите за престој на децата кои се згрижени во детската градинка.
Во насока на обезбедување подобри услови за престој на децата во детската градинка, по потпишувањето на договорот помеѓу УНДП и Општина Вевчани на 17.09.2020 година, општината ги прави последните подготовки за распишување на јавна набавка за реализирање на подпроектот „ Адаптација и пренамена на просториите на објектот детска градинка ЈОУДДГ „Планински Цвет“ – Вевчани“ кој заедно со подпроектот за „Реновирање на Дневниот центар за стари лица и пензионери“ се дел од проектот „Зајакнување на општинските совети„ спроведуван од Програмата за развоја на обединетите нации – UNDP, а финансиран од Швајцарска агенција за развој и соработка – SDC, во вкупна вредност од 2.700.000,00 денари. Во рамките на проектот „Зајакнување на општинските совети“ обезбедени се средства во висина од 62.000 CHF од кои 50.000 CHF за реализација на проекти избрани преку успешно спроведените Форуми во заедницата на кои се избраа погоренаведените проекти и 12.000 CHF за подобрување на транспарентноста и отчетноста во работењето на Советот на општина Вевчани, со кои средства ќе биде набавена аудио и видео опрема за пренос на седниците на советот во живо.
Во исто време дел од членовите на Советот на општина Вевчани активно придонесуваат во реализацијата на овој проект со нивното учество на обуките за советници кои се задолжителен дел од проектот и заедно со општина Вевчани овозможуваат успешно да се реализира проектот „Зајакнување на општинските совети“ кој опфаќа три компоненти: 1.Имплементација на Програмата за развој на капацитетите на општинските советници (транспарентност и отчетност) 2. Имплементација на проектот преку финансиска поддршка за приоритетните активности на општините селектирани врз основа на јавни консултации (форуми во заедницата) 3. Имплементација на активности за вмрежување на општинските советници (обуки за советниците).
by Општина Вевчани | Окт 8, 2020
Во рамки на Програмата за зачувување на природата во Северна Македонија – фаза 2, проект
на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), координина од Фармахем од Скопје, со
главен стратешки партнер Министерството за животна средина и просторно планирање, се
спроведува активност за проценка и картирање на природните вредности кои ги нуди
заштитеното подрачје „Вевчански Извори“. Активноста се спроведува од страна на Македонско
еколошко друштво, а во соработка со Општина Вевчани. Како дел од активноста е планирано
да се организираат две фокус групи со собирачите на диви растенија и главните локални
чинители од туристичкиот сектор. Првата фокус група со собирачите на диви растенија
(боровинка, кантарион и мајчина душица) ќе се одржи на 14ти октомври со почеток во 12 часот
во Пензионерскиот дом во центарот на Вевчани.
Втората фокус група со локалните чинители од туристичкиот сектор (ресторани, сувенирници,
хостел, издавачи на соби) ќе се одржи на 15ти октомври со почеток во 12 часот во
Пензионерскиот дом во центарот на Вевчани.
12:00 Отворање на настанот
12:20 Спроведување (дискусија) на фокус група
14:00 Заклучоци, крај на фокус групата и коктел
by Општина Вевчани | Окт 5, 2020
Денес во просториите на Општина Вевчани, градоначалникот Сашо Јанкоски имаше работна средба со извршниот директор на PONT (Prespa Ohrid Nature Trust ) Mirjam de Koning, консултантот Jernej Stritih и координатор на проектот Оливер Аврамоски. PONT е во план да го прошири своето грантирање и на територијата на Заштитеното подрачје “Споменик на природата Вевчански извори”. Од страна на градоначалникот беше искажана нашата визија за понатамошен развој на ова заштитено подрачје како и идните планови што треба да се реализираат. PONT смета дека ова заштитено подрачје е спремно да се вклучи во нивната програма и дека за многу кратко време ќе се склучи договор помеѓу PONT и Општина Вевчани.
by Општина Вевчани | Сеп 28, 2020
Врз основа на член 50 став 1 точка 9 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр. 05/2002) и Решение на градоначалникот за објавување на оглас за избор на директор на ЈП ‘‘Еремја‘‘ Вевчани бр.09-751/1 од 24.09.2020 година, Градоначалникот на општина Вевчани објавува:
ЈАВЕН ОГЛАС
за избор на директор на ЈП‘‘Еремја‘‘ Вевчани – Јавен оглас 03-751-2-2020
Кандидатот за директор покрај општите услови предвидени со Законот потребно е да ги исполнува и следните услови:
– високо образование со стекнати најмалку 240 кредити според ЕКСТ или завршен VII/1степен образование
-да има минимум 5 години работно искуство
-во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност
-да е државјанин на Република Северна Македонија
-поседува еден од следните меѓународно признати сертификати или уверенија за активно познавање на англиски јазик не постар од 5 години и тоа:ТОЕФЕЛ ИБТ (TOEFL IBT)-најмалку 74 бода, ИЕЛТС(ILEC Cambridge English: legal) – најмалку Б2 (B2) ниво, ФЦЕ (FCE Cambridge English First) – положен, БУЛАТС (BULATS)-најмалку 60 бода или АПТИС (APTIS)- најмалку ниво Б2 (B2)
Кандидатите за директор треба да ги приложат следните документи:
-Пријава по оглас со кратка биографија (CV) и мотивационо писмо
-Програма за работа на директорот на претпријатието од 2020 година до 2024 година
-Диплома/Уверение за завршено високо образование
-Доказ дека против кандидатот не е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност
-Потврда за работно искуство
-Уверение за државјанство на Република Северна Македонија
-Доказ дека кандидатот има општа здравствена состојба (лекарско уверение)-
по изборот ќе го достави само избраниот кандидат.
Рок за доставување на документите е 15 дена и започнува да тече наредниот ден од денот на објавувањето на огласот во дневниот печат.
Потребните документи: во оргинал или заверени копии на Нотар се доставуваат до Општина Вевчани со назнака ‘‘Комисија за разгледување на документите по јавен оглас за избор за директор на претпријатието‘‘.
Некомплетните и ненавремените документи ќе бидат отфрлени и Комисијата нема да ги разгледува. Со кандидатите кои ги исполнуваат условите ќе се изврши интервју, а за место и време ќе бидат дополнително известени.
Комплетните пријави Комисијата ги доставува во рок од 8 дена до градоначалникот на општина Вевчани на адреса: Општина Вевчани, 6335 Вевчани.
Изборот ќе се изврши во рок од 15 дена.
Основната месечна плата изнесува 25.000,00 денари.
Работно време е 5 работни дена со 40 работни часови во неделата со дневно работно време:07:30 до 15:30 часот.
Контакт лице по јавниот повик : Љиљана Баткоска, советник за нормативно правни работи и човечки ресурси.
Општина Вевчани
Градоначалник
Сашо Јанкоски
by Општина Вевчани | Авг 28, 2020
На 27.08.2020 година, во просториите на ООУ „Страшо Пинџур“ Вевчани, се одржа Четвртата форумска сесија во општина Вевчани, за избор и спроведување на предлог проекти како дел од отворената грантова шема од проектот „Зајакнување на општинските совети“ финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка, а спроведувана од УНДП во партнерство со Министерството за локална самоуправа, Министерството зa финансии, Заедницата на единиците на локалната самоуправа, Здружение на финансиски работници и UN Women.
Граѓаните кои учествуваа на оваа сесија преку транспарентен процес ги избраа следните проекти: Прворангиран е проектот „Aдаптација и пренамена на просториите на објектот Детска Градинка ЈОУДДГ „Планински Цвет“ – Вевчани“, со кој ќе се обезбедат подобри услови за згрижување и престој на децата – најмалите во нашата заедница, а ќе се опреми и простор за работа на логопед, втор избран проект е „Реновирање на Дневниот центар за стари изнемоштени лица и пензионери“, со кој ќе се обезбедат подобри услови за најстарите во општината. Треторангиран проект или резервен проект е „Нагледни средства за децата од ООУ „Страшо Пинџур“- Вевчани“ со кој се предвидува да се изврши набавка на нагледни средства, смарт табли, озвучување и друго.
На крајот од форумската сесија грѓаните доставија до Општината и Советот на општина Вевчани препораки од проектниот форум во општина Вевчани, кои произлегоа од жителите на општината коишто учествуваа во работата на форумските сесии, како демократски израз на потребите на жителите од нашата општина.
При организирањето на форумската сесија беше спроведуван Протокол на мерки на безбедност за одржување на форумски сесии во услови на ризик од Ковид-19. Согласно протоколот, запазени беа сите здравствени протоколи, односно мерење температура при влез во просторијата, физичка дистанца, носење заштитни маски, користење средства за дезинфекција.
Присутните граѓани со своите активности поврзани со форумот ќе овозможат да се имплементираат проекти поддржани од граѓанскиот сектор во износ од 2,7 милиони денари, односно 50 илјади швајцарски франци.