Во рамки на Вевчанско Лето 2025, со големо задоволство Ве покануваме на претставата „Чиста куќа“, во режија на Тамара Стојаноска, а во продукција на НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп и Народен театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп.

Оваа современа комедија, дело на славената американска авторка Сара Рул, раскажува приказна за млада Бразилка која сонува да биде стендап комичарка, но животот ја води до позиција на домашна помошничка во домот на успешен брачен пар. Преку духовит и понекогаш горчлив хумор, „Чиста куќа“ го истражува судирот помеѓу редот и нередот, работата и страста, личниот избор и очекувањата на општеството.

👗🧹 Комедија што чисти повеќе од куќата – ја чисти душата. Не ја пропуштајте!

ОТВОРАЊЕ НА ДЕТСКИ ПАРК ВО ЦЕНТАРОТ НА ВЕВЧАНИ

Со голема радост Ве покануваме на свеченото отворање на новиот детски парк во Вевчани со проследено со танцови точки на нашите ученици и дружба со вашите омилени ликови од цртаните филмови: Мики Маус, Мини Маус, Елза и Чеjс Време е за детска смеа, игра и радост под отворено небо – затоа ве очекуваме сите, мали и големи, заедно да го одбележиме овој значаен момент за нашата општина.

📅 19.05.2025 (понеделник) 🕘 10:00 часот

Да создадеме нови спомени за нашите најмлади – Вевчани заслужува!