Јавен оглас за формирање на партиципаривно тело кое ќе учествува во процесот на урбанистичко планирање на подрачјето на општина Вевчани

ОПШТИНА ВЕВЧАНИ
Одделение за урбанизам, комунални работи, заштита на животната средина и ЛЕР

Врз основа на член 46 од Законот за урбанистичко планирање („Сл. весник на РСМ“ бр. 32/20) за формирање на Партиципативно тело за подрачјето на Општина Вевчани, Градоначалникот на општината на ден 06.08. 2024 година, објавува:

Ј А В Е Н   О Г Л А С
ЗА ФОРМИРАЊЕ НА ПАРТИЦИПАТИВНО ТЕЛО КОЕ ЌЕ УЧЕСТВУВА ВО ПРОЦЕСОТ НА УРБАНИСТИЧКО ПЛАНИРАЊЕ НА ПОДРАЧЈЕТО НА ОПШТИНА ВЕВЧАНИ

 

1. Предмет на овој јавен оглас е: Формирање на Партиципативно тело за обезбедување на инклузивност, партиципативност и јавност во процесот на урбанистичко планирање за подрачјето на Општина Вевчани.Партиципативното тело ги претставува сите различни интереси и интересни групи во локалната заедница и ги пренесува ставовите, мислењата и потребите на граѓаните и правните лица, ги следи состојбите во планирањето преку давање иницијативи, насоки и сугестии за изготвување на плански решенија и во постапката за изработување и донесување на плановите ги разгледува планските програми и планските решенија на урбанистичките планови во нивната работна верзија.

2. Услови за учество: Пријава по овој јавен оглас можат да поднесат сите заинтересирани лица кои се жители на Вевчани, претставници на невладините организации од различните сегменти на урбаниот живот, здруженија на граѓани и граѓански активисти од подрачјето на општината што ги претставуваат различните групи на граѓани, како и граѓани што се стручни лица од областа на урбанистичкото планирање и другите стручни области суштествени за планирањето и одржливиот развој на градот.

3. Обврски на партиципативното тело: Партиципативното тело заседава најмалку еднаш на два месеци и има консултативна улога во постапката за изработување и донесување на урбанистички планови, особено ја разгледува планската програма во фаза пред таа да му биде предложена на градоначалникот за одобрување, како и урбанистичкиот план во фаза на урбанистичко планско решение пред да биде дадено на стручна ревизија. Работата на партиципативното тело е јавна.

4. Начин на работа: Начинот на работа и бројот на членови на Партиципативното тело се уредуваат со Деловник на Партиципативното тело што ќе биде донесен од страна на Советот на Општина Вевчани и објавен во Службен гласник на Општина Вевчани, при што бројот на граѓански членови на Партиципативното тело што се пријавиле на доброволна основа не е ограничен.

5. Документи кои се поднесуваат:
– Пријава за член на Партиципативното тело за подрачје на општина Вевчани (образецот е во прилог на огласот или може да се подигне во општината)
– Кратка биографија
– Изјава за давање согласност за заштита на лични податоци (образецот е во прилог на огласот или може да се подигне во општината)
– Изјава за прифаќање на условите по овој повик (образецот е во прилог на огласот или може да се подигне во општината)

6. Рок и место на поднесување на пријавите: Пријавите по јавниот оглас може да се поднесат преку пошта на адреса на Општина Вевчани или преку архивата на општината во рок од 30 дена од денот на објавување на овој јавен оглас.

Учеството на членовите во Партиципативното тело што не се вработени во Општина Вевчани е на доброволна основа, и на истите согласно Законот за урбанистичко планирање („Сл.весник на РСМ“ бр. 32/20) не им следи надомест за вршење на работата.

 

 

ОПШТИНА ВЕВЧАНИ
Градоначалник
Спасе Кочовски

Јавен оглас 

Образец за пријавување

Дуорамата „За нас почнува живот“ вечерва на Вевчанско лето

Дуодрамата „За нас почнува живот“ во изведба на актерите Биљана Драгиќевиќ Пројковска и Нино Леви ќе учествува на „Вевчанско лето“ 2024. Претставата ќе се игра вечерва, 24 јули со почеток во 21 часот во дворот на детската градинка „Планински цвет“. Влезот за посетителите е слободен.

„За нас почнува живот“ е создадена по мотив од романот „Прав“ од Ѓерѓ Шпиро и својата премиера во Драмски театар Скопје ја имаше во декември 2022 година.

“За нас почнува живот” е претстава за човекот, за оној мал човек што го сретнуваме на улица секој ден , што работи со нас , што ни е роднина, за оној мал човек што го гледаме секое утро во огледалото.

“Во претставата маж и жена се борат и лутаат низ животните патишта и никако не успеваат да ја искачат својата животна планина, да ги победат своите проблеми и таму на врвот да уживаат во најубавото изгрејсонце и поглед на море . И токму кога сметате дека угоре е високо, а удолу длабоко добивате милиони на лото. И како понатаму…Претставата е со многу трагикомични ситуации, но и со многу комични дијалози кои не потсетуваат дека животот е убав и без добивка на лото” – вели режисерот Пројковски.

Режијата и драматизацијата се на Дејан Пројковски, асистент на режија е Дамјан Димовски, костимограф е Марија Папучевска а музиката е на Горан Трајкоски. Плакат и видеоматеријалот за претставата се изработени од Стојан Стојановски.

 

ЈАВЕН ПОВИК на ЈОУДДГ „Планински Цвет“ – Вевчани за избор на правно лице кое врши дејност или посредуваат дозвола за собирање и/или транспортирање,преработка,рециклирање и уништувањена отпад за движни ствари – електронска,електрична и информатичка опрема кои немаат вредност односно се дотраени,неупотребливи и технолошки застарени

ЈАВЕН ПОВИК

Известување за Адултицидна Дезинсекција во атарот на Општина Вевчани

На ден 15.07.2024 год.(Понеделник) предвидено е да се спроведе Адултицидна Дезинсекција која има за цел уништување на возрасните форми на комарците заради спречување на ширењето на заразни болести каде како вектори се јавуваат истите.

Според документацијата за набавка на услуги ќе се поминат бараните локации:

·          Околу Вевчански извори – 100 м2

·          По течението на Вевчанска река – 5 км2

·          Таложник (околу пречистителна станица) – 50 м2

·          Околу вештачко езеро Јанков камен – 900 м2

·          Локална улица „Стружанка – Здравствен дом – Сред село“ – 8,5 км

·          Локална улица„Стружанка – Сред село – Вевчански извори„ – 8 км2

·          Локална улица„Бералиште – Даскалој – Чочорој“ – 1,65 км2

·          Локална улица„Пазариште – Варвара – Фарма – 6,25 км2

·          Локална улица „Трансформатор – Бубаној – Јанков Камен“ – 15 км2

Третманот против возрасна форма на комарци ќе се изврши терестички со употреба на УЛВ Машина прикачено на пик ап возило, за таа цел ќе се користи препаратот Кулфак 50 ЕЦ по упатство за употреба од производителот, во однос 0,5 л/ха.

Третирањето на површините ќе биде изведено после 20:00 часот до раните утрински часови, само под добри временски услови поради ефикасно извршување на третманот.

Доколку, временските услови не дозволат да се спроведи третманот на дезинсекција, тогаш истата ќе биде одложена за наредниот ден или евентуално за некој друг ден со поволни временски услови.

https://vevcani.gov.mk/wp-content/uploads/2024/07/izvestuvanje-2-Adulticidna-Opshtina-Vevchani.docx