Јавен повик на општина Вевчани за формирање на иницијативен одбор за конституирање на локално собрание за млади

Согласно член 17 од Законот за младинско учество и младински политики, Општината Вевчани 
распишува: 
ЈАВЕН ПОВИК НА ОПШТИНА ВЕВЧАНИ ЗА ФОРМИРАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВЕН ОДБОР (ИО) ЗА 
                            КОНСТИТУИРАЊЕ НА ЛОКАЛНО СОБРАНИЕ ЗА МЛАДИ 
Иницијативниот одбор е неформална група која има цел да се консултираат младите и да 
се застапат нивните интереси во креирањето на Локалниот младински совет (ЛМС или Совет/от).    
Бројот на членови во Иницијативниот одбор е пет и тие членови имаат единствена 
функција да го формираат Локалното собрание за млади. Времетраењето на ИО е краткорочно и 
завршува со свикување на првото (конститутивното) Локално собрание на млади. Општината е 
задолжена за нивна селекција и работата на ИО се координира и помага од службеникот/ката за 
млади во Општината.  
 Улога и задачи на Иницијативниот одбор: 
 Поддршка на Општината во креирањето или ревидирањето на актите и одлуките кои го 
уредуваат формирањето и работата на ЛМС,  
 Распишување повик за Конститутивното локално собрание на млади во согласност со Статутот на 
Општината по принципот на јавност и транспарентност, 
 Соработка со Општината при организација и одржување на Конститутивното Локално собрание 
за млади.  
Во ИО може да членуваат младински организации, организации за млади, политички 
подмладоци, ученички и студентски организации и други облици на младинско здружување кои 
работат и функционираат на територијата на Општината и сакаат да учествуваат во основањето на 
Советот.  
**** Потребни документи: 
 Писмо за намера за учество во Иницијативен одбор 
 Писмо со номинација за член во Иницијативен одбор и контакт-информации, 
Начин на пријавување: 
Email: [email protected]  
Архива на општина Вевчани 
Адреса: Општина Вевчани, 6335 Вевчани 
Рок за пријавување: 5 работни дена од денот на објавување на веб страната на општина Вевчани 
www.vevcani.gov.mk  

Јавен повик за формирање совет за млади 03-401-1-2024_0001

Писмо за намера за учество во Иницијативен одбор

Писмо со номинација за член во Иницијативен одбор

Извесување

На ден 16.05.2024 година (Четврток) ќе се спроведе ларвицидна дезинсекција која има за цел уништивање на ларвите на комарците заради спречување на ширењето заразни болести каде како вектори се јавуваат истите.
Третманот против ларвицидна форма на комарци ќе се изврши терестички со употреба на гранули на локации од вкупна површина од 6050 м2.
Со прва пролетна дератизација ќе се поминат сите предвидени локации кои можат да бидат ивор на зараза со предвидени 30 шахти за третирање.
Третирањето на повшините ќе биде изведено од 10:00 до 16:00 часот само под добри временски услови поради ефикасно извршување на третманот.
Доколку, временските услови не дозволуваат да се спроведат третманите на дезинсекција и дератизација,тогаш истите ќе бидат одложени за наредниот или евентуално за некој нареден ден со поволни временски услови.
Со почит,
Општина Вевчани

Општина Вевчани го усвои Локалниот акциски план за управување со отпад

Општина Вевчани го усвои Локалниот акциски план за управување со отпад чија главна цел е двогодишно стратешко планирање на одржливото управување со отпад на локално ниво и вклучува активности со кои ќе се подобрат перформансите на јавното комунално претпријатие при испорачување на услуги за собирање на отпад.

Активностите се дефинирани во согласност со стратешките цели и даваат јасни насоки во управувањето со отпадот кој се создава во општината, ги утврдува состојбите, ги идентификува слабостите и предлага мерки и активности за подобрување на одржливото управување со отпад на локално ниво, како и мерки за заштита на животната средина.

Главната цел на општината  ќе биде воспоставување систем за селекција на отпадот со намалување на создадениот отпад кој треба да се депонира преку јавното претпријатие „Еремја Вевчани“ до регионалната депонија, односно претоварните центри. Општината ќе спроведе мерки за подигнување на свеста кај граѓаните за одржливото управување со отпад, вклучувајќи едукативни кампањи, информативни материјали и активности за рециклирање. Исто така, Општина Вевчани ќе се фокусира и на превентивни мерки за намалување на загадувањето на водите и влијанието на отпадот врз животната средина.

Преку овој план, општина Вевчани посветено ќе работи на подобрување на управувањето со отпад како и на заштитата на животната средина и подобрување на квалитетот на живот на своите жители.

Локалниот акциски план го подготви работна група составена од членови на општинската администрација и јавното комунално претпријатие, со поддршка од SALAR International и Шведската агенција за меѓународен развој.

Планот е достапен на следниот линк:

Локален акциски план за управување со отпад 2024 – 2025

LAP-Vevcani_MK-Final.pdf