by Општина Вевчани | Сеп 19, 2024
Општина Вевчани како партнер-општина на Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите се приклучува кон кампањата „Мојот данок, за мојата општина!“
Едукативната кампања „ Мојот данок, за мојата општина!“ има за цел да ја информира јавноста дека плаќањето данок на имот е должност на секој граѓанин-даночен обврзник, но во исто време и придонес на поединецот за градење на подобра иднината на општината.
Доколку поседувате имот во одредена општина, тогаш автоматски сте даночни обврзници со законско право на даночно решение за вашиот имот, но, и законска обврска и лична должност за навремено подмирување на данокот.
Секој граѓанин-даночен обврзник треба да биде информиран дека со навремено подмируваме на данокот на имот, се полни директно општинскиот буџет, преку кој се овозможува реализирање на планираните јавни и инфраструктурни проекти. Со ова, едноставно кажано, секој од нас лично придонесува за подобрување на условите за живеење и развојот на општината.
Оваа кампања оттаму, цели и да придонесе кон навремено и прецизно информирање на даночните обврзници за сите права и обврски, како и правата и обврските на општината поврзани со данокот на имот.
За да дознаете повеќе за данокот на имот погледнете го видеото на https://www.facebook.com/SRMANorthMacedonia/videos/818379803237834 и информирајте повеќе од летокот објавен на линкот (линк до летокот-мк верзија)
by Општина Вевчани | Авг 30, 2024
На ден 02.09.2024 година (Понеделник) ќе се реализира предвидената дератизација на подрачјето на Општина Вевчани за уништување на глодари.
Дератизацијата ќе се изведува наутро од 9:00 часот до 16:30, само под поволни временски услови. Во случај времето да е врнежливо или е со јак ветер дератизацијата се одложува за некој нареден ден со поволни временски услови.
by Општина Вевчани | Авг 6, 2024
ОПШТИНА ВЕВЧАНИ
Одделение за урбанизам, комунални работи, заштита на животната средина и ЛЕР
Врз основа на член 46 од Законот за урбанистичко планирање („Сл. весник на РСМ“ бр. 32/20) за формирање на Партиципативно тело за подрачјето на Општина Вевчани, Градоначалникот на општината на ден 06.08. 2024 година, објавува:
Ј А В Е Н О Г Л А С
ЗА ФОРМИРАЊЕ НА ПАРТИЦИПАТИВНО ТЕЛО КОЕ ЌЕ УЧЕСТВУВА ВО ПРОЦЕСОТ НА УРБАНИСТИЧКО ПЛАНИРАЊЕ НА ПОДРАЧЈЕТО НА ОПШТИНА ВЕВЧАНИ
1. Предмет на овој јавен оглас е: Формирање на Партиципативно тело за обезбедување на инклузивност, партиципативност и јавност во процесот на урбанистичко планирање за подрачјето на Општина Вевчани.Партиципативното тело ги претставува сите различни интереси и интересни групи во локалната заедница и ги пренесува ставовите, мислењата и потребите на граѓаните и правните лица, ги следи состојбите во планирањето преку давање иницијативи, насоки и сугестии за изготвување на плански решенија и во постапката за изработување и донесување на плановите ги разгледува планските програми и планските решенија на урбанистичките планови во нивната работна верзија.
2. Услови за учество: Пријава по овој јавен оглас можат да поднесат сите заинтересирани лица кои се жители на Вевчани, претставници на невладините организации од различните сегменти на урбаниот живот, здруженија на граѓани и граѓански активисти од подрачјето на општината што ги претставуваат различните групи на граѓани, како и граѓани што се стручни лица од областа на урбанистичкото планирање и другите стручни области суштествени за планирањето и одржливиот развој на градот.
3. Обврски на партиципативното тело: Партиципативното тело заседава најмалку еднаш на два месеци и има консултативна улога во постапката за изработување и донесување на урбанистички планови, особено ја разгледува планската програма во фаза пред таа да му биде предложена на градоначалникот за одобрување, како и урбанистичкиот план во фаза на урбанистичко планско решение пред да биде дадено на стручна ревизија. Работата на партиципативното тело е јавна.
4. Начин на работа: Начинот на работа и бројот на членови на Партиципативното тело се уредуваат со Деловник на Партиципативното тело што ќе биде донесен од страна на Советот на Општина Вевчани и објавен во Службен гласник на Општина Вевчани, при што бројот на граѓански членови на Партиципативното тело што се пријавиле на доброволна основа не е ограничен.
5. Документи кои се поднесуваат:
– Пријава за член на Партиципативното тело за подрачје на општина Вевчани (образецот е во прилог на огласот или може да се подигне во општината)
– Кратка биографија
– Изјава за давање согласност за заштита на лични податоци (образецот е во прилог на огласот или може да се подигне во општината)
– Изјава за прифаќање на условите по овој повик (образецот е во прилог на огласот или може да се подигне во општината)
6. Рок и место на поднесување на пријавите: Пријавите по јавниот оглас може да се поднесат преку пошта на адреса на Општина Вевчани или преку архивата на општината во рок од 30 дена од денот на објавување на овој јавен оглас.
Учеството на членовите во Партиципативното тело што не се вработени во Општина Вевчани е на доброволна основа, и на истите согласно Законот за урбанистичко планирање („Сл.весник на РСМ“ бр. 32/20) не им следи надомест за вршење на работата.
ОПШТИНА ВЕВЧАНИ
Градоначалник
Спасе Кочовски
Јавен оглас
Образец за пријавување
by Општина Вевчани | Јул 2, 2024
Почитувани,
Ве информираме дека иницијативниот одбор за формирање Локален младински совет при Општина Вевчани донесе одлука за продолжување на рокот за пријавување на јавниот повик за членство во Локалното собрание на млади.
Рокот за пријавување се продолжува до 3 јули 2024 година до 12 часот на пладне. Оваа одлука е донесена со цел да се овозможи на сите заинтересирани млади лица кои поради различни причини не успеале навреме да ги поднесат своите апликации, да имаат дополнително време за аплицирање.
Ви благодариме за вашиот интерес и поддршка во формирањето на Локалниот младински совет .
Со почит,
• ПК Дипсакус – Вевчани, Крстан Попески
• ВМРО-ДПМНЕ Општински комитет Вевчани, Љубчо Коруноски
• Вевчанско Спортско Друштво, Ристо Димитриески
• СДММ Вевчани, Маријана Радиноска
• „ЕКО-Свест“ Скопје, Дарко Ќитаноски
Одлука за продолжување на рокот за пријавување на јавен повик за членство во локално собрание за млади