ЈОУДДГ „Планински цвет “ – Вевчани објавува Интерен оглас бр.1/2021

ЈОУДДГ „Планински цвет “ – Вевчани објавува Интерен оглас бр.1/2021 за пополнување на работно место со унапредување  на  давател на услуги во ЈОУДДГ „Планински Цвет,,-Вевчани.

Се објавува интерен оглас  за  унапредување  на 1 (еден)  давател на услуги со пополнување на следново работно место:

  1. Еден (1) извршител на работно место – Воспитувач на деца од 2-6 годишна возраст звање Ментор – ДЕЗ 03 03 В02 001 – 2. Воспитно – згрижувачка служба II.2.1 Оддел на воспитувачи.

Линк до Интерен оглас за унапредување:  Интерен оглас 1-2021 ЈОУДДГ Планински цвет – Вевчани

Линк до пријава за унапредување:  prijava_interna (4) pl. cvet

Одлука за избор по интерен оглас: odluka za izbor po Interen oglas

Последователна сесија од проектниот форум во општина Вевчани

Општина Вевчани, во соработка со УНДП, преку проект финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), Ве поканува на Последователната сесија од Проектниот форум на 14.06.2021 год. (понеделник) со почеток во 13:00 часот, во ООУ „Страшо Пинџур“ – Вевчани.

За време на последователната сесија, присутните граѓани, учесниците на Форумот, претставници од институциите и почесните гости, ќе имаат можност да ги проследат постигнатите резултати од форумскиот процес во Општина Вевчани, што се спроведе во периодот од март – август 2020 година.

Во рамки на Форумот на заедницата, како алатка за граѓанско одлучување, беа предложени и разработени 4 проекти, од кои, на четвртата, гласачка сесија, учесниците одлучија буџетскиот фонд од 50.000 швајцарски франци (CHF) да го доделат на проектите за „Адаптација и пренамена на просториите на објектот Детска Градинка ЈОУДДГ ‘Планински Цвет’ – Вевчани“ и за „Реновирање на Дневниот центар за стари изнемоштени лица и пензионери“. На последователната сесија ќе биде презентирано она што е постигнато – реализацијата на проектите, како и на дел од препораките дадени од граѓаните во текот на форумскиот процес.

Ве очекуваме!

Форуми во заедницата „Низ женски леќи: покревање политики и буџетски иницијативи“

Почитувани ѓраѓани на општина Вевчани,

Би сакале да ве поканиме на онлајн форум во заедницата кој Општина Вевчани во соработка со Центарот за истражување и креирање политики, Лулуди, Рурална Коалиција, Новинари за човекови права и ЕХО-Штип ќе го организира во рамки на Проектот  „Низ  женски  леќи:  покревање  на  политики  и  буџетски иницијативи,  следење на  спроведувањето  на  локалните  акциски  планови  за  родова еднаквост“.

Форумот во заедницата ќе овозможи идентификување на специфичните потреби и приоритети на граѓаните од сите групи во општина Вевчани, а со цел обезбедување услови за приоретизирање на програмите и проектите како и истовремено подобрување на структурата на програмите во општината. Под влијание на актуелната состојба со Ковид 19, форумите ќе се одржат онлајн на платформата ZOOM и тоа во 3 циклуса-односно три средби по 2 часа со истата група на граѓани:

–           I сесија 18.05.2021 14:00-16:00 Дефинирање проблеми и предизвици

–           II сесија 25.05.2021 Дефинирање на предлог решенија

–           III сесија 01.06.2021 Презентирање на резултати и следни чекори

За учество на форумот регистрирајте се на следниов линк, каде по пополнувањето на краткиот прашалник на меилот кој сте го запишале ќе ви биде испратен линк за првата сесија. На денот на сесијата со кликнување на линкот ќе бидете директно вклучени на Форумот.

Линк за регистрација:

https://us02web.zoom.us/meeting/register/tZIqcOqtpjwsE93pxBkGaTLIIfBkdGFIUclc

Со почит

Општина Вевчани во соработка со Центарот за истражување и креирање политики и проектните партнери​ 

ЈАВНА  ОБЈАВА за уредно доставување на решенија за комунална такса за истакната фирма/назив за 2021 година

Согласно член 69, член 84 и член 86 од Законот за општата управна постапка (,,Сл.весник на РМ,,бр.124/15), Градоначалникот на Општина Вевчани ја дава следната

ЈАВНА  ОБЈАВА

за уредно доставување на решенија за комунална такса за

истакната фирма/назив за 2021 година

1.ЛИСТА НА ОГЛАСЕНИ РЕШЕНИЈА ЗА КОМУНАЛНА ТАКСА ЗА ИСТАКНАТА ФИРМА/НАЗИВ ЗА  2021 ГОДИНА

ГОДИНА  РЕШЕНИЕ  БРОЈ     ОБВРЗНИК    НАЗИВ     МЕСТО

2021  РЕШ- 12/21-84  ЖИТО СТРУГА  АД  ВО  СТЕЧАЈ  СТРУГА

2021  РЕШ- 12/21-48  МЕДИКРОПС ДООЕЛ   ВЕВЧАНИ

Се повикуваат обврзниците за комунална такса за истакната фирма/назив, да се јават во Одделението за финансиски прашања  при Општина Вевчани, за да го примат решението за  комунална такса за истакната фирма/назив за  2021 година , во рок од 10 дена од денот на објавувањето на оваа објава.

Списокот со недоставени решенија е објавен на огласната табла во просториите на Општина Вевчани, како и на официјалната веб страна: https://vevcani.gov.mk/

Јавната објава ќе се изврши и во службено гласило на Општина Вевчани.

Со оваа објава се предупредуваат  даночните обврзници, дека ваквиот начин на доставување се смета за уредна достава и дека негативните последици кои можат да настанат/произлезат од неподигањето на решенијата, ќе ги сносат самите даночни обврзници.

Бр.12-266/2

22.03.2021 година                                                                            

ЈАВНА ПОКАНА ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ГОДИШНА ДАНОЧНА ПРИЈАВА ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ДАНОКОТ НА ИМОТ ЗА 2021 ГОДИНА

Врз  основа  на  член  29 од Законот за даноците на имот (“Сл. Весник на РМ”бр.61/2004,92/07,102/08,35/11,53/11,84/12,188/13,154/15,192/15,23/16), Одделението за финансиски прашања при Општина Вевчани  истакнува:

  ЈАВНА ПОКАНА

за поднесување на годишна даночна пријава за утврдување на данокот на имот за 2021 година

  1. Даночна пријава за утврдување на данок на имот за 2021 година, поднесува даночен обврзник (правно и физичко лице) за:

а) Имотот што го стекнал или почнал да го користи во текот на 2020 година, а за кој нема поднесено даночна пријава (нов даночен обврзник, дополнително стекнат имот кој подлежи на оданочување и сл.);

б) Имотот кај кој настанале промени во сопственоста (оттуѓување и сл.);

в) Имотот кај кој настанале промени во вредноста (доградба, надградба, довршување, проширување и сл.);

Даночната пријава се поднесува до Општина Вевчани –  Одделение за финансиски прашања, секој работен ден од 07.30-15.30 часот најдоцна до 31 ЈАНУАРИ 2021 год.

ЗАКЛУЧОЦИ НА ОПШТИСКИОТ КРИЗЕН ШТАБ – ВЕВЧАНИ

Денес се одржа итен онлајн состанок на Општинскиот кризен штаб Вевчани посветен на актуелната состојба со ковид пандемијата во општината. Со оглед на се поголемиот број инфицирани граѓани со вирусот Ковид 19 на територијата на општина Вевчани, Општинскиот кризен штаб ги донесе следните неколку заклучоци во вид на препораки:
⚠️❗Се апелира до угостителските објекти на територијата на Општина Вевчани во период од една недела доброволно да ги затворат угостителските објекти, или доколку не се во можност истото да го сторат, најстрого да ги применуваат препораките за дистанца, носење маска, дезинфекција и максимум дозволен број гости во своите локали.
⚠️❗Се апелира до маркетите и продавниците на територија на општина Вевчани најстрого да ги применуваат мерките за максимален дозволен број на купувачи кои можат во исто време да се во објектот. Обавезно дезинфицирање на влез во објектот, задолжително носење заштитна маска.
⚠️❗Се апелира до граѓаните на општина Вевчани без нужна потреба да не ги напуштаат своите домови, да не практикуваат славење на куќни слави, свадби, веридби, родендени и слични групирања во овој период се до смирување на пандемијата. Граѓаните максимално совесно да ги применуваат мерките за заштита.
⚠️❗Бараме од полицијата и инспекциските служби поревносно да ги спроведува законските мерки во однос на носење на заштитни маски, групирање и држење на социјалната дистанца.
⚠️❗Посебен акцент да се стави на проверка на луѓето кои се во изолација или се ковид позитивни, а не се придржуваат до истата. Бараме истите најстрого да се санкционираат.