Вевчански карневал 2023

Вевчански карневал – најпознатиот бренд на Македонија традиционално на 12-ти, 13-ти и 14 Јануари
Нема потреба од премногу објаснување и асоцијации, штом се спомене Вевчани, веројатно веднаш на сите им асоцира на ВЕВЧАНСКИОТ КАРНЕВАЛ, кој традиционално се организира пред Василица.
Така е со векови, а можеби и со милениуми, една од најстарите традиции на Македонија и  Вевчани која се претпоставува дека има континуитет најмалку 1500 години.
Пишани извори сведочат дека карневалот е стар најмалку 1.460 години, но постојат археолошки наоди кои упатуваат на податоци дека карневалот постои барем 2200 години. Денес карневалот е интересно и необично преплетување на пагански со христијански обичаи. Традиционално, учесниците се обидуваат да избегнат воведување на современи карневалски елементи, но веќе години наназад има и богата музичка програма.
На 12-ти Јануари веќе традиционално се организира програма од забавна музика, на 13-ти од народна музика и сето тоа испреплетено со традиционалното дефиле на маски, кое завршува со палење на маските на 14-ти Јануари.

Подготовките за Вевчанскиот карневал се веќе започнати, а од Општина Вевчани најавуваат прекрасно издание со одлична програма која ќе ги задоволи вкусовите на сите посетители и учесници.

Развој на конгресниот туризам во Вевчани

Општина Вевчани работи посветено на развој на конгресниот туризам, преку промоција и организирање настани во Мултикултурниот Центар.

Во конгресната сала во тек е работилницата “Одржливо управување на отпадот на локално ниво” организирана од Здружението на локални управни органи и региони на Шведска (SALAR)

Преставници од локалната самоуправа и бизнис секторот на регионална конференција за одржлив туризам и зелени дестинации во организација на Туристичка организација Тиват, Црна Гора.

Изборот на општина Вевчани за една од најдобрите Топ 100 Приказни за Зелени Дестинации за 2022 година ја отвара можноста за соработка со други општини и туристички организации од регионот.

Преставници од локалната самоуправа и бизнис секторот кој се заинтересирани да бидат дел од програмата за сертифицирање на зелени бизниси учествуваат на регионална конференција за одржлив туризам и зелени дестинации во организација на Туристичка организација Тиват, Црна Гора. Одржливото управување и развојот на општина Вевчани како зелена дестинација е една од главните стратешки определби на општина Вевчани.