Концерт на класична музика на Вевчанско лето 2022 Прекрасен перформанс на младата пијанистка Аница Нелоска, Јана Блажевска – сопран и Марко Китаноски – гитара

Вчера, 26.07.2022 година во Мултикултурниот центар „ Коста Србакоски “  се одржа концерт на класична музика на младите и талентирани Аница Нелоска – пијано, Јана Блажевска – сопран  и Марко Китаноски на гитара. Прекрасен перформанс на надежните музички имиња.

Вчера 24.07. 2022 година ( Недела ) во Домот на култура – Вевчани гостуваше Интимен театар од Битола

Вчера, 24.07.2022 ( Недела ) година во Дом на култура – Вевчани се одигра претставата за деца Шушавко, мајмунот и снежната кралица на Интимен театар од Битола. Децата уживаа во прекрасната претстава.

Концерт на Аница Нелоска – пијано во класата на Проф. Верица Дивитарова Гости: Јана Блажевска – сопран и Марко Китаноски – гитара

Утре, 26.07.2022г. ( Вторник ) во Мултикултурниот центар „ Коста Србакоски“ со почеток во 20:30 часот  свој конецрт ќе одржи Аница Нелоска – пијано во класата на проф. Верица Давитарова. Гости на концертот ќе бидат Јана Блажевска – сопран и Марко Китаноски – гитара.

Се отвори изложбата на изложбата на дела од првата Детска ликовна школа “Вевчански видувања” 2022.

Вчера, 20.07.2022 година во Мултикултурниот ценар “Коста Србакоски” беше отворена изложбата на дела од првата Детска ликовна школа “Вевчански видувања” 2022. Свое обраќање имаше организацискиот секретар на “Вевчански видувања” – Ефимија Угриновска Кукоска која се заблагодари на присутните и ја прогласи изложбата за отворена. Делата ќе бидат изложени во прекрасните галериски простории до 14 август.

 

Работна средба со претставници од АГЕЦИЈА ЗА ПРОМОЦИЈА И ПОДДРШКА НА ТУРИЗМОТ

Со претставници од АГЕЦИЈА ЗА ПРОМОЦИЈА И ПОДДРШКА НА ТУРИЗМОТ дискутиравме за  досегашните реализирани активности и можности за идна соработка. Договорено е зајакнување на меѓусебната соработка и комуникација, како и формирање на работна група за развој на идни проекти и програми од областа на туризмот и промоција на туристичките локалитети на Општина Вевчани.

Изложба на уметнички дела од Детската Ликовна Школа „ Вевчански видувања“

Утре, 20.07.2022  ( Среда ) во Мултикултурниот центар „ Коста Србакоски “ – Вевчани во 20 : 00 часот ќе се отвори изложбата на уметничките дела од Детската Ликовна Школа која годинава се одржа во рамките на ликовната колонија „ Вевчански видувања “ . Изложбата е дел од манифестацијата „ Вевчанско лето “   во организација на  Здружението „ Вевчани Турист Инфо “ а под покровителство на Општина Вевчани