Решение за свикување на 18-та Седница на Совет на општина Вевчани
Решение за свикување на 18-та Седница на Совет на општина Вевчани
Решение за свикување на 18-та Седница на Совет на општина Вевчани
Општина Вевчани се приклучува на кампањата „Општина на дланка“.
Со задоволство ја објавуваме нашата поддршка за кампањата „Општина на дланка“, иницијатива која има за цел да ја зголеми транспарентноста и отчетноста во локалната самоуправа преку подобрена употреба на општинските веб-страници.
Кампањата е подготвена од Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите во соработка со Министерството за локална самоуправа. Нашата општина активно соработува со овој проект со цел:
Целта на кампањата „Општина на дланка“ е да ги информира граѓаните и бизнисите за нивните права и обврски, како и да им обезбеди полесен пристап до општинските услуги.
Во рамките на кампањата, редовно ќе ги ажурираме нашите комуникациски канали со нови информации во надлежност на општината кои ќе ги поттикнат граѓаните да учествуваат во процесите на одлучување и да бидат активно информирани за функционирањето на општината.
Ги покануваме сите граѓани и заинтересирани страни да се приклучат на оваа иницијатива и да ја поддржат кампањата, која ќе ја зголеми транспарентноста и отчетноста во локалната самоуправа.
Посетете ја веб-страницата на општината, пребарајте и добијте ги потребните информации.
Вклучете се во креирање на транспарентна општина.
Дознајте повеќе за:
Општина на дланка (мк)
Континуирано превземаме мерки за унапредување на водната инфраструктура во општина Вевчани.
️ Во завршна фаза сме со градежните активности околу реконструкцијата (бетонирањето) на еден од главните канали за наводнување кој поминува низ Вевчани.
Општина Вевчани имплементираше иновативен проект за заштеда на електрична енергија преку инсталација на фотоволтаичен систем на прочистителната станица за отпадни води. Овој проект има повеќекратна корист за локалното население затоа што придонесува за поекономичен третман на отпадните води, производство на енергија од обновливи извори, а со тоа и намалено негативно влијание врз животната средина.
Вевчани е една од вкупно 10 општини од Западен Балкан кои реализираа иницијативи за енергетика, транспорт и климатски промени во рамки на проектот „ЕУ за енергетска транзиција: Пакт на градоначалници во Западен Балкан и Турција“.
Градоначалникот Кочовски истакна дека „Секој проект кој придонесува за заштита на животната средина има огромно значење за нас како општина. Поставувањето фотоволтаичен систем на прочистителната станица е особено важно затоа што претставува континуитет на нашите напори да ја подобриме енергетската ефикасност на јавните објекти, но и да го зголемиме нивото на искористеност на обновливите извори на енергија“
Проектот „ЕУ за енергетска транзиција: Пакт на градоначалници во Западен Балкан и Турција“ обезбедува техничка поддршка, зголемување на капацитетите, можности за вмрежување и поддршка на мали проекти во насока на развој, имплементација и мониторинг на Планот за одржлива енергија и климатска акција (SECAP).
„Имплементацијата на ваков тип проекти има големо значење за локалните заедници бидејќи придонесува за намалување на енергетската сиромаштија, заштита на животната средина, подигнување на свеста на граѓаните и подобрување на условите за живот и работа. Со цел да се отиде чекор понатаму во овие предизвици, неопходен е сеопфатен пристап на централната и локалната власт кој меѓу другото ќе опфати и формирање Фонд за енергетска ефикасност “, истакна Ивана Серафимова од Здружението на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС).
Започнана активности за
комплетна реконструкција на локална улица на потегот Трафо Бебекој – Варвара.