by stojan | Мар 2, 2020
Градоначалникот на општина Вевчани, Сашо Јанкоски денес присуствуваше на свечениот настан во Владата на Република Северна Македонија, по повод потпишување на Меморандум за разбирање за Проект за поврзување на локални патишта, помеѓу Министерството за транспорт и врски и општина Вевчани.
Во рамките на овој проект општина Вевчани доби средствата во износ од 541.313,00 ЕВРА, обезбедени од Меѓународната банка за обнова и развој – Светска Банка.
Целта на проектот е проширување на соработката и партнерството помеѓу Министерствот за транспорт и врски и Општина Вевчани заради зајакнување на капацитетите на општината и Владата во процесот на управување со локалната патна мрежа, подобрување на квалитетот и безбедноста на локалните патишта и подобрување на пристапот на граѓаните до објектите од јавен интерес.
by stojan | Мар 2, 2020
Општината Вевчани, во соработка со УНДП, преку проект финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), Ве поканува на Проектен форум. Првата сесија од Проектниот форум ќе се одржи во четврток, 05.03.2020 година со почеток во 14:30 часот, во Младински центар – Вевчани (зграда на општина Вевчани).
Целта на форумот е зголемување на учеството на граѓаните во процесот на донесување на одлуки на локално ниво. Форумот е алатка за учество на граѓаните во подготовка и избор на приоритетни проекти.
Присутните граѓани на форумот ќе имаат можност да предлагаат и да изберат приоритетни проекти за општината, кои ќе се финансираат од проектниот фонд во износ од 50.000 швајцарски франци (CHF).
Линк до дневниот ред на форумската сесија:
Дневен ред прва сесија
by stojan | Фев 28, 2020
Денес советниците на општина Вевчани присуствуваа на обуката „Управување со обврски и долгови, набавки и приходи“ која се одржа во Крушево. Обуките кои се спроведуваат се во рамките на проектот „Зајакнување на општинските совети“ спроведуван од Програма за развој на обединетите нации – УНДП, а финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), проект вреден 3,4 милиони швајцарски франци.
Во месец февруари дел од советниците на општина Вевчани завршија два модули кои се однесуваа на модул 1: „Улогата на општинските совети во доброто управување“ и модул 2: „Процес на буџетирање, носење на буџет и негово извршување“. Партнери во проектот се Министерството за локална самоуправа, Министерството зa финансии, Заедницата на единиците на локалната самоуправа, Здружение на финансиски работници и UN Women.
По успешното спроведување на проектот годинава општина Вевчани ќе добие два гранта – 50.000 швајцарски франци за приоритетни проекти кои ќе ги изберат граѓаните преку форумски сесии и 12.000 швајцарски франци за имплементација на иновативни IT решенија за зголемување на транспарентноста и отчетноста на општините и работата на Советот, а ќе се овозможи и учеството на граѓаните во носењето одлуки на локално ниво.
Советниците веќе посетуваат обуки за планирање и трошење за општинскиот буџет во рамки на истиот проект, а во месец март ќе бидат спроведени првите две форумски сесии на кои граѓаните ќе имаат можност да ги предложат приоритетните проекти што со тие средства ќе бидат имплементирани.
by stojan | Фев 19, 2020
Во рамките на проектот за Локална и регионална конкуретност (ПЛРК) финансиски поддржан од Европска унија (ИПА2), општина Вевчани во соработка со Единица за спроведување на проектот (ЕСП) го реализираат потпроектот „Туристички Центар Вевчани – Еден Центар Еден Туристички Производ“.
За таа цел општина Вевчани објавува повик за избор на индивидуален консултант за изработка на план за внатрешно уредување и опремување на туристичкиот центар кој треба да изработи проект за внатрешно уредување и опремување на туристичкиот центар, врз основа на основниот проект за реконструкција и пренамена на постојното училиште во туристички центар и листата со планирана опрема за функционално уредување на туристичкиот центар.
Повикот за изразување на интерес за индивидуални консултантски услуги и описот на задачи се на дадените линкови во продолжение:
REOI-Individual Consultants Vevchani
Опис на работни задачи за индивудален консултант
by stojan | Фев 19, 2020
Во периодот од 21.02.2020 (петок) до 23.02.2020 (недела), ќе се врши асфалтирање на патот, во рамките на градежните активности кои се изведуваат на регионалниот патен правец Вевчани – Суво поле (Кореа). Заради непречено и квалитетно завршување на активностите, овие три дена за жителите на општина Вевчани, сообраќајот ќе биде пренасочен преку соседно Октиси за Струга, односно за жителите на Подгорци преку Лабуништа. Ве молиме за разбирање, бидејќи коловозот планирано е да се асфалтира преку цела ширина одеднаш, како би имале поквалитетен и подолготраен пат.
Ви Благодариме на разбирањето!
by stojan | Фев 18, 2020
Градоначалникот на општина Вевчани, Сашо Јанкоски беше на теренска посета на започнувањето на градежните активности за реконструкција на региналниот патен правец Вевчани – Суво поле (Кореа). Согласно планираните активности во оваа фаза ќе се изврши санација на оштетувањата на патот, а во текот на наредните денови ќе се започне со асфалтирање на патниот правец. Средствата за реконструкција на регионалниот пат се обезбедени преку Јавното претпријатија за државни патишта (ЈПДП), а градежните работи ги изведува АД Илинден – Струга.