АСФАЛТИРАНА УЛИЦАТА “ДАСКАЛОЈ – ОБИКОЛНИЦА”(фаза 1)

Денес градоначалникот на општина Вевчани, Сашо Јанкоски беше на увид во асвалтирањето на улицата “Даскалој – Обиколница”. Завршена е првата фаза од овој проект. Жителите на оваа улица кои повеќе од 40 години газеа во кал од денес добија нова асфалтирана улица. Градоначалникот Јанкоски истакна дека проектот “Вевчани без кал” нема  да  запре тука и дека нема да сопре се додека не ја асфалтираме и последната уличка во Вевчани!

ЗАПОЧНА АСФАЛТИРАЊЕТО НА ОБИКОЛНИЦА “ВЕВЧАНИ – ЈУГ”

Денес се започна со асфалтирање на регионалниот крак “Фабрика Вевчанка” – Здравствен дом “др. Светозар Чочоровски”. Овој пат преставува продолжеток на кракот на регионалниот пат Вевчани – Суво Поле.  Понатаму регионалниот пат продолжува према Октиси, врска со А2( Ќафа...

Изградба на крак на регионалниот пат „Обиколница Вевчани – Југ“

Денес градоначалникот на општина Вевчани Сашо Јанкоски, беше на увид на започнувањето на уште еден многу значаен проект за општина Вевчани кој беше и приоритетен проект од неговата предизборна програма.

Реализацијата на овој проект опфаќа изградба на пат кој е значаен не само за жителите на општина Вевчани, туку и за околните населби. Во текот на денешниот ден се одпочна со пробивање и проширување на кракот на регионалниот пат, кој е познат како обиколница Вевчани – Југ, или фабрика Вевчанка – Здравствен Дом др Светозар Чочороски – Вевчани. Инвеститор на истиот е ЈП за државни патишта. Со изградбата на овој пат се очекува да се растерети сообраќајот низ општина Вевчани и да се овозможи побрз пристап до услугите на здравствениот дом во Вевчани.

Градежната офанзива во Вевчани продолжува!

 

Започна изградбата на локалната улица “Каланој – Обиколница”

Денес градоначалникот на општина Вевчани, Сашо Јанкоски беше на одпочнувањето со работа на локалниот пат “Каланој – Обиколница” за чија изградба се обезбедени средства преку Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР) во висина од 1.430.000,00 денари. Улицата ќе биде изградена со асфалт, а со тоа ќе се реши горливиот проблем на жителите кои живеат на оваа улица. Кампањата Вевчани без кал се одвива според зацртаниот план и динамика. Вевчани во моментов е едно големо отворено градилиште каде се реализираат проектите за подобрување на условите за живот на граѓаните на општина Вевчани.