Годишна приредба по повод патрониот празник во ООУ„Страшо Пинџур“ Вевчани

Денес градоначалникот на општина Вевчани г-дин Сашо Јанкоски присуствуваше на годишната приредба по повод патрониот празник на ООУ „Страшо Пинџур“ – Вевчани.

Основното училиште во кое денес учат нашите деца го носи името на Страшо Пинџур – дипломиран правник од Белградскиот Унирвезитет, роден на 04 март 1915 година, а починал на 04 јануари 1943 година, како последица на страшни измачувања во Скопскиот затвор.

Честитки до вработените во основното училиште кои заедно со децата организираа и приредија одлична приредба по повод одбележувањето на денот на раѓање на Страшо Пинџур.

Нека е честит патронатот на ООУ „ Страшо Пинџур“ – Вевчани.

Обезбедени нови средства за локални патишта

Градоначалникот на општина Вевчани, Сашо Јанкоски денес присуствуваше на свечениот настан во Владата на Република Северна Македонија, по повод потпишување на  Меморандум за разбирање за Проект за поврзување на локални патишта, помеѓу Министерството за транспорт и врски и општина Вевчани.

Во рамките на овој проект општина Вевчани доби средствата во износ од 541.313,00 ЕВРА, обезбедени од Меѓународната банка за обнова и развој – Светска Банка.

Целта на проектот е проширување на соработката и партнерството помеѓу Министерствот за транспорт и врски и Општина Вевчани заради зајакнување на капацитетите на општината и Владата во процесот на управување со локалната патна мрежа, подобрување на квалитетот и безбедноста на локалните патишта и подобрување на пристапот на граѓаните до објектите од јавен интерес.

 

Јавна покана за учество на Проектен форум во Општина Вевчани

Општината Вевчани, во соработка со УНДП, преку проект финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), Ве поканува на Проектен форум. Првата сесија од Проектниот форум ќе се одржи во четврток, 05.03.2020 година со почеток во 14:30 часот, во Младински центар – Вевчани (зграда на општина Вевчани).

Целта на форумот е зголемување на учеството на граѓаните во процесот на донесување на одлуки на локално ниво. Форумот е алатка за учество на граѓаните во подготовка и избор на приоритетни проекти.

Присутните граѓани на форумот ќе имаат можност да предлагаат и да изберат приоритетни проекти за општината, кои ќе се финансираат од проектниот фонд во износ од 50.000 швајцарски франци (CHF).

Линк до дневниот ред на форумската сесија:

Дневен ред прва сесија

 

 

Советниците учествуваат на обуките – „Зајакнување на општинските совети“

Денес советниците на општина Вевчани присуствуваа на обуката „Управување со обврски и долгови, набавки и приходи“ која се одржа во Крушево. Обуките кои се спроведуваат се во рамките на проектот „Зајакнување на општинските совети“ спроведуван од Програма за развој на обединетите нации – УНДП, а финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), проект вреден 3,4 милиони швајцарски франци.

Во месец февруари дел од советниците на општина Вевчани завршија два модули кои се однесуваа на модул 1: „Улогата на општинските совети во доброто управување“ и модул 2: „Процес на буџетирање, носење на буџет и негово извршување“. Партнери во проектот се Министерството за локална самоуправа, Министерството зa финансии, Заедницата на единиците на локалната самоуправа, Здружение на финансиски работници и UN Women.

По успешното спроведување на проектот годинава општина Вевчани ќе добие два гранта – 50.000 швајцарски франци за приоритетни проекти кои ќе ги изберат граѓаните преку форумски сесии и 12.000 швајцарски франци за имплементација на иновативни IT решенија за зголемување на транспарентноста и отчетноста на општините и работата на Советот, а ќе се овозможи и учеството на граѓаните во носењето одлуки на локално ниво.

Советниците веќе посетуваат обуки за планирање и трошење за општинскиот буџет во рамки на истиот проект, а во месец март ќе бидат спроведени првите две форумски сесии на кои граѓаните ќе имаат можност да ги предложат приоритетните проекти што со тие средства ќе бидат имплементирани.

ОГЛАС за избор на индивидуален консултант

Во рамките на проектот за Локална и регионална конкуретност (ПЛРК) финансиски поддржан од Европска унија (ИПА2), општина Вевчани во соработка со Единица за спроведување на проектот (ЕСП) го реализираат потпроектот „Туристички Центар Вевчани – Еден Центар Еден Туристички Производ“.

За таа цел општина Вевчани објавува повик за избор на  индивидуален консултант за изработка на план за внатрешно уредување и опремување на туристичкиот центар кој треба да изработи проект за внатрешно уредување и опремување на туристичкиот центар, врз основа на основниот проект за реконструкција и пренамена на постојното училиште во туристички центар и листата со планирана опрема за функционално уредување на туристичкиот центар.

Повикот за изразување на интерес за индивидуални консултантски услуги и описот на задачи се на дадените линкови во продолжение:

      REOI-Individual Consultants Vevchani

      Опис на работни задачи за индивудален консултант