ПОСТАВЕНИ НОВИ КАНДЕЛАБРИ НА “СЕРВИСНАТА УЛИЦА – С4” ВО ВЕВЧАНИ

Денес на ново изградената сервисна улица С4, поставивме и нови лед канделабри за подобро и поекономично осветлување. Општина Вевчани полека но сигурно го реализира проектот “Вевчани без кал”.

АСФАЛТИРАНА УЛИЦАТА “ДАСКАЛОЈ – ОБИКОЛНИЦА”(фаза 1)

Денес градоначалникот на општина Вевчани, Сашо Јанкоски беше на увид во асвалтирањето на улицата “Даскалој – Обиколница”. Завршена е првата фаза од овој проект. Жителите на оваа улица кои повеќе од 40 години газеа во кал од денес добија нова асфалтирана улица. Градоначалникот Јанкоски истакна дека проектот “Вевчани без кал” нема  да  запре тука и дека нема да сопре се додека не ја асфалтираме и последната уличка во Вевчани!

ИЗГРАДБА НА КАНАЛИЗАЦИОНА ЛИНИЈА “ТРАФО – БУБАНОЈ – СМОЛЕЈЦА” ФАЗА 2

Започнавме со изградба и на канализационата линија “Трафо – Бубаној – Смолејца” фаза 2. Претходно овој канализационен крак беше изграден со самопридонес на граѓаните во осумдесетите години на минатиот век. Тргнувајќи од развојните потреби Вевчани да ги достигне европските стандарди на живеење, општина Вевчани ја гради оваа нова канализациона линија, при тоа зголемувајќи го развојно профилот на канализационата линија од ф110 мм на ф250 мм.

Реализацијата на овој проект е предуслов за реализација и на проектот кој ќе се реализаира понатака, а тоа е реконструкција и на улицата “Трафо – Бубаној – Смолејца”.

Со овој капитален проект, овој дел од населбата Вевчани ќе добие канализациона линија по сите норми и прописи.

Вкупната сума за реализација на оваа фаза е 1.750.000 денари, од кои 1.500.000  се средства обезбедени преку Бирото за рамномерен регионален развој, а остатокот се сопствени средства на Општина Вевчани.

ЗАПОЧНА АСФАЛТИРАЊЕТО НА ОБИКОЛНИЦА “ВЕВЧАНИ – ЈУГ”

Денес се започна со асфалтирање на регионалниот крак “Фабрика Вевчанка” – Здравствен дом “др. Светозар Чочоровски”. Овој пат преставува продолжеток на кракот на регионалниот пат Вевчани – Суво Поле.  Понатаму регионалниот пат продолжува према Октиси, врска со А2( Ќафа Сан). Обиколницата “Вевчани – Југ” е од големо значење не само за жителите на општина Вевчани, туку и за целокупниот регион. Со овој пат ќе се намали бројот на возила кои ќе поминуваат низ Вевчани, а во исто време ќе се овозможи побрз пристап до услугите на Здравствениот дом “др.Светозар Чочоровски” во Вевчани.

п

Севкупната должина на овој регионален крак е околу 1 километар и вредност од 325 000 евра.  Околу 650 метри  е комплетно  нов пробиен пат,  започнувајќи од пробивање, земјени работи до фаза на асфалтирање, додека остатокот е реконструкција на претходно пробиен и асфалтиран пат од 2005 година. Средства  се обезбедени од буџетот на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП).

 

 

ЗАКЛУЧОЦИ НА ОПШТИСКИОТ КРИЗЕН ШТАБ – ВЕВЧАНИ

Денес се одржа итен онлајн состанок на Општинскиот кризен штаб Вевчани посветен на актуелната состојба со ковид пандемијата во општината. Со оглед на се поголемиот број инфицирани граѓани со вирусот Ковид 19 на територијата на општина Вевчани, Општинскиот кризен штаб ги донесе следните неколку заклучоци во вид на препораки:
⚠️❗Се апелира до угостителските објекти на територијата на Општина Вевчани во период од една недела доброволно да ги затворат угостителските објекти, или доколку не се во можност истото да го сторат, најстрого да ги применуваат препораките за дистанца, носење маска, дезинфекција и максимум дозволен број гости во своите локали.
⚠️❗Се апелира до маркетите и продавниците на територија на општина Вевчани најстрого да ги применуваат мерките за максимален дозволен број на купувачи кои можат во исто време да се во објектот. Обавезно дезинфицирање на влез во објектот, задолжително носење заштитна маска.
⚠️❗Се апелира до граѓаните на општина Вевчани без нужна потреба да не ги напуштаат своите домови, да не практикуваат славење на куќни слави, свадби, веридби, родендени и слични групирања во овој период се до смирување на пандемијата. Граѓаните максимално совесно да ги применуваат мерките за заштита.
⚠️❗Бараме од полицијата и инспекциските служби поревносно да ги спроведува законските мерки во однос на носење на заштитни маски, групирање и држење на социјалната дистанца.
⚠️❗Посебен акцент да се стави на проверка на луѓето кои се во изолација или се ковид позитивни, а не се придржуваат до истата. Бараме истите најстрого да се санкционираат.