Општина Вевчани со два нови проекти од областа на животната средина

Во врска со годишниот Конкурс за распределување на средства за финансирање и реализирање на програми, проекти и други активности од областа животна средина за 2022 година објавен од Министерство за животна средина и просторно планирање, општина Вевчани во текот на месец февруари до министерството достави неколку предлог проекти.
Од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање прифатени за финансирање се два предлог проекти и тоа:
Изградба на канализациона линија крак 3 во општина Вевчани; и
Намалување на CO2 во детската градинка ЈОУДДГ ПЛАНИНСКИ ЦВЕТ Вевчани преку замена на котелот на фосилно гориво со нови еколошки топлотни пумпи.
Од почетокот на годината подготвени и аплицирани се десеттина предлог проекти до неколку донатори, за што очекуваме резултати за можноста за нивно прифаќање и финансирање.
   

Jугозападниот плански регион со заеднички Совет за женско претприемништво – Во Вевчани конструктивна средба на 30 општини и организации

Вчера, Општина Вевчани беше домаќин на средбата на 30-тина општини и Невладини и Граѓански организации од целиот Југозападен регион за формирање на Совет за женско претприемништво кој ќе функционира во рамки на регионот. На состанокот беа присутни претставници од Охрид, Струга, Жупа, Дебар, Дебарца, домаќинот Општина Вевчани, како и многу здруженија и организации, од кои нови осум ја потпишаа Декларацијата за женско претприемништво.

Ова е конкретен чекор за обединување на Југозападниот регион кој го поттикна Координаторката на овој регион на Националната платформа за женско претприемништво, Сузана Наумовска со што се поставија основите за работа и чекорење по нагорна линија на жените претприемачки, со стратегија за заедничко совладување на предизвиците и отварање на нови перспективи.

На состанокот присутните се договорија следната средба на Советот за женско претприемништво на Југозападниот плански регион да се одржи во Центар Жупа.

Започна партерното уредување на дворот на мултикултурниот центар „Коста Србакоски“ – Вевчани

Денес започнаа градежните работи за партерно уредување на дворот на мултикултурниот центар „Коста Србакоски“ – Вевчани.

Проектот е финансиран преку Центарот за развој на југозападниот плански регион, во рамките на Програмата за рамномерен регионален развој.

 

       

Еразмус+ проект „Здравје во комбинација со секојдневни навики“ во Вевчани

Тим од наставници и ученици од ООУ „Јосип Броз Тито“ – Струга заедно со гости, нивни колеги од Шпанија, Полска Турција и Италија беа во посета на Општина Вевчани, каде ги угости Градоначалникот на општината Спасе Кочовски. Функционирањето на општината, развојот на алтернативниот туризам, вевчанската култура и традиција, детската заштита и развојот на образованието беа теми на разговор при оваа посета