by Општина Вевчани | Фев 19, 2020
Во периодот од 21.02.2020 (петок) до 23.02.2020 (недела), ќе се врши асфалтирање на патот, во рамките на градежните активности кои се изведуваат на регионалниот патен правец Вевчани – Суво поле (Кореа). Заради непречено и квалитетно завршување на активностите, овие три дена за жителите на општина Вевчани, сообраќајот ќе биде пренасочен преку соседно Октиси за Струга, односно за жителите на Подгорци преку Лабуништа. Ве молиме за разбирање, бидејќи коловозот планирано е да се асфалтира преку цела ширина одеднаш, како би имале поквалитетен и подолготраен пат.
Ви Благодариме на разбирањето!
by Општина Вевчани | Фев 18, 2020
Градоначалникот на општина Вевчани, Сашо Јанкоски беше на теренска посета на започнувањето на градежните активности за реконструкција на региналниот патен правец Вевчани – Суво поле (Кореа). Согласно планираните активности во оваа фаза ќе се изврши санација на оштетувањата на патот, а во текот на наредните денови ќе се започне со асфалтирање на патниот правец. Средствата за реконструкција на регионалниот пат се обезбедени преку Јавното претпријатија за државни патишта (ЈПДП), а градежните работи ги изведува АД Илинден – Струга.
by Општина Вевчани | Фев 17, 2020
Денес започнаа градежните активности за изградба на мостот на Вевчанска река кој е дел од Обиколницата југ. Мостот кој се гради е во рамките на Обиколницата југ и е крак на регионалниот пат. Средствата за доизградба на овој крак на регионалниот пат Обиколница југ се обезбедени преку Агенцијата за државни патишта (ЈПДП). Општина Вевчани посветено работи на подобрување на условите за живот на граѓаните.
by Општина Вевчани | Фев 10, 2020
Денес градоначалникот на општина Вевчани, Сашо Јанкоски беше на одпочнувањето со работа на локалниот пат “Каланој – Обиколница” за чија изградба се обезбедени средства преку Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР) во висина од 1.430.000,00 денари. Улицата ќе биде изградена со асфалт, а со тоа ќе се реши горливиот проблем на жителите кои живеат на оваа улица. Кампањата Вевчани без кал се одвива според зацртаниот план и динамика. Вевчани во моментов е едно големо отворено градилиште каде се реализираат проектите за подобрување на условите за живот на граѓаните на општина Вевчани.