Јавна покана за учество на Проектен форум во Општина Вевчани

Општината Вевчани, во соработка со УНДП, преку проект финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), Ве поканува на Проектен форум. Првата сесија од Проектниот форум ќе се одржи во четврток, 05.03.2020 година со почеток во 14:30 часот, во Младински центар – Вевчани (зграда на општина Вевчани).

Целта на форумот е зголемување на учеството на граѓаните во процесот на донесување на одлуки на локално ниво. Форумот е алатка за учество на граѓаните во подготовка и избор на приоритетни проекти.

Присутните граѓани на форумот ќе имаат можност да предлагаат и да изберат приоритетни проекти за општината, кои ќе се финансираат од проектниот фонд во износ од 50.000 швајцарски франци (CHF).

Линк до дневниот ред на форумската сесија:

Дневен ред прва сесија

 

 

ОГЛАС за избор на индивидуален консултант

Во рамките на проектот за Локална и регионална конкуретност (ПЛРК) финансиски поддржан од Европска унија (ИПА2), општина Вевчани во соработка со Единица за спроведување на проектот (ЕСП) го реализираат потпроектот „Туристички Центар Вевчани – Еден Центар Еден Туристички Производ“.

За таа цел општина Вевчани објавува повик за избор на  индивидуален консултант за изработка на план за внатрешно уредување и опремување на туристичкиот центар кој треба да изработи проект за внатрешно уредување и опремување на туристичкиот центар, врз основа на основниот проект за реконструкција и пренамена на постојното училиште во туристички центар и листата со планирана опрема за функционално уредување на туристичкиот центар.

Повикот за изразување на интерес за индивидуални консултантски услуги и описот на задачи се на дадените линкови во продолжение:

      REOI-Individual Consultants Vevchani

      Опис на работни задачи за индивудален консултант

Предлог буџетот на општина Вевчани за 2020

Предлог Буџетот на Општина Вевчани за 2020 година ги содржи планираните приходи на Буџетот за 2020 година и планираните проекти за реализација од Буџетот во 2020 година.

Имајќи предвид дека буџетирањето е двонасочен процес (за и од граѓаните), применет е партиципативниот принцип на буџетирање при поставување на приоритетите на локалната заедница.

Општиот дел на Буџетот ги содржи вкупните приходи и други приливи и вкупните расходи и други одливи во текот на фискалната година, како и глобалната проекција на приходи, приливи, расходите и одливите за 2020 години.

Посебниот дел на Буџетот содржи план на одобрени средства на буџетски корисници по програми, потпрограми и ставки за фискалната година.

Предлози и сугестии може да се поднесуваат на e-mail адресата [email protected]

Предлог Буџет 2020

 

 

Честитка на градоначалникот Сашо Јанкоски по повод 11 октомври!

Почитувани,

11 Октомври не е само Ден на народното востание, туку преставува и камен темелник на новата Македонска држава. Четиригодишната народно-ослободителна епопеја на Македонскиот народ во Втората светска војна го реализира многу вековниот сон на Македонскиот народ за создавање сопствена држава.11 Октомври го преставува вековниот сремеж на Македонецот за формирање на своја држава, на своја територија и приклучување кон големото Светско семејство на народите.
Аманет на паднатите борци во НОВ 1941 – 1945 е да го сочуваме она за што тие ги положија своите животи.
Нека ни е честит и вековит 11 Октомври, Денот на народното востание!